Новогодишно украсување

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Кога бевме помали со брат ми бевме ќејфови кога требаше да се украсува... Сите соби украсени, некои висечки чуда шарени, сијалички, не знам шо... Последниве неколку години не. Едвај некако елката ја китевме. Лани ни елката не сакавме, па зеде мајка ми сама си ја накити зашто ѝ било многу празно без неа, сакала нешто новогодишно да има. Годинава ни тоа. Ако ѝ текне пак сама да си ја накити, ќе имаме елка, ако не... Се може и без неа. :D
Иначе ја украсувавме само со црвени и златни лампиони и украсчиња.

Еве една шо ми се свиѓа.

399223_10151325492315673_950668158_n.jpg
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
15880_320355211410364_675496206_n.jpg


16094_146289915519984_659522902_n.jpg


Лондон

148679_421080887964054_1986352685_n.jpg
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мислам дека не постои поголем хејтер:zelen од мене за украсување...
Не е дека не ме бива, ме бива многу, ама едноставно не сакам...
Воопшто не сум љубител на светкави ленти, лампиони, венци, сијалички и што ли уште не...
Не сакам...
Ама, атер за синчето и радоста која му ја носи цел тој амбиент, ќе украсам.
Една голема елка, со еднобојни лампиони, по некој голем дедо мраз ваму и таму, некои сијалички и светлечкиот Снешко на тераса...Не да е доволно, туку премногу е...
Ама шта чеш, на радоста и нема крај...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
31ви декември, ден како и сите други, обичен и досаден затоа што тогаш нема никој за излегување, зафатени се со пиење. Јас обично спијам тогаш, или филм гледам.
Што се однесува на украсувањето, онака минимално, два лампиони закачени на вратата и толку. Што ќе се замараме со украсување.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Кога бев мала, обожавав украсување. Имавме поприлично голема елка со мноооооогу лампиони. Имавме еден лампион толку убав, што во текот на годината ни седеше во витрина, во посебна кутија. Исто така, имавме со брат ми по еден дедо мраз кукла кои исто така во текот на годината беа поставени во витрина. Елката ми беше пре-преукрасена со сите можни лампиони, со еден куп чоколадни лампиони (кои секој ден се повеќе и повеќе ги снемуваше), со неколку пара ленти и сјалички. Под елката стоеа дедо мразовите, пакетчињата и подароците. На сите прозори во дневната закачувавме сјалички, на најгорниот дел од завесите балони, а на таванот висечки украси. Едноставно, преубаво беше.

Во последните 10 години целосна спротивност. Апсолутно ништо дома кај мене не укажуваше дека е Нова Година. Бидејќи овие периоди ми беа омилени како дете, оваа година ќе се потрудам да украсам барем малку. Сега за сега, издвоив мала елка со мали лампиони. Најверојатно ќе закачам сјалички барем на едниот прозорец во дневната. Може да земам некој висечки украс или 2-3 балони.Колку да се рече.

Но знам дека кога јас ќе имам мои деца, ќе им ги овозможам истите спомени кои јас ги имам.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Порано украсував, елки, лампиони, светилки, украси. Сега не. Нова Година е само илузија.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Украсувам секогаш. Едноставно поминувам пред излог преполн со елки и украси во една боја, и се залепувам ко мало дете за кенди шоп. Купувам секакви ситници се што ме прави насмеана, можеби не украсувам многу, но неколку ситни детали како ѕвездички и лампиони на прозорците, неколку зелени ленти во вид на елка, со ѕвонче на врвот, и кукулчиња на фиоките. Се во црвено, бело и зелено (party)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Украсувам секогаш. Едноставно поминувам пред излог преполн со елки и украси во една боја, и се залепувам ко мало дете за кенди шоп. Купувам секакви ситници се што ме прави насмеана, можеби не украсувам многу, но неколку ситни детали како ѕвездички и лампиони на прозорците, неколку зелени ленти во вид на елка, со ѕвонче на врвот, и кукулчиња на фиоките. Се во црвено, бело и зелено (party)
Не е малку шарено се во црвено, бело и зелено?