Rammstein

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Нема тема за германциве а? Супер, еве една :cool:.

Rammstein се формирани во 1994 година и имаат издадено вкупно 6 албуми. Повеќето песни им се на германски што мене многу ми се допаѓа :), но имаат и на други јазици, како на пример шпански, руски, англиски. :)

Контроверзен бенд со исто такви песни, последниот албум Liebe ist für alle da, читав дека бил забранет во Германија, а можеби и една песна беше не сум сигурен, битно забранет е. :)

Има ли некој што ги слуша? Која песна ви е омилена?
Објаснување зашто не ви се допаѓаат?
Јас немам омилена песна, сите ми се омилени. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Порано ги слушав многу, ама брзо ми здосадија. Некаде кога бев прва-втора средно ми беа интересни и ги кршев од слушање. Што знам, не се некој бенд на кој би се задржал. Не ме интересираат значења на текстови, скриени пораки и сл. глупостарии па може и затоа не ми се којзнае што. Оваа ми е најдобра од нив:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis, malo and Lena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј ми се за едно-две преслушувања, ама воглавно не се нешто мој стил. Мада за настапите им симнувам капа.
Имав по стариот лаптоп и албум некој, чинам, ама не ми влегло нешто толку во уво за да запомнам.
Единствен исклучок е песнава. По цел ден можам да ја вртам без да ми здосади.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Во право сум бил во воведниот пост, последниот албум кој е еден од најслушаните во Германија бил забранет заради текстовите на песните. :)
Како на пример оваа песна.

Океј ми се за едно-две преслушувања, ама воглавно не се нешто мој стил. Мада за настапите им симнувам капа.
Имав по стариот лаптоп и албум некој, чинам, ама не ми влегло нешто толку во уво за да запомнам.
Единствен исклучок е песнава. По цел ден можам да ја вртам без да ми здосади.
Бенд кој користат најмногу пиротехника на нивните концерти и ја дигаат атмосферата до максимум, нема шанси да се остане мирен на нивни концерт, штета што нема да ги слушнам никогаш во живо. :(
Лајк за песната. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Групата е формирана 94г и името им е добиено по местото на авионската несреќа на воздухопловната база Рамштајн,и песната Рамштајн е посветена токму за тој настан,јас од кога излегоа ги слушав еден извесен период,но ништо не ме трогна или како да кажам,не ме завлече да продолжам да гои слушам,многу ми се некако екстремни.:)Иначе пејачот Тил Линдеман ја има сета азбесна опрема за неговите спектакуларни настапи кога пее едноставно жив е во оган,гори,се е океј но песните за мене,не.
 

Thrashbt

Староседелец
6 октомври 2012
233
86
1,038
30
Битола
Бенд кој никогаш не го заслушав асолно, не ме влечи таков стил на музика. За настапи колку што имам слушано и колку што знам ги имаат едни од најлудите настапи каде што како што кажаја погоре неможиш да седиш мирен.

 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Концертот во Франција 2005 кој според мене е најдобар. Од 58:45 па натаму на рефренот на Du hast, да сум бил таму би умрел на лице место. :)

Групата е формирана 94г и името им е добиено по местото на авионската несреќа на воздухопловната база Рамштајн,и песната Рамштајн е посветена токму за тој настан,јас од кога излегоа ги слушав еден извесен период,но ништо не ме трогна или како да кажам,не ме завлече да продолжам да гои слушам,многу ми се некако екстремни.:)Иначе пејачот Тил Линдеман ја има сета азбесна опрема за неговите спектакуларни настапи кога пее едноставно жив е во оган,гори,се е океј но песните за мене,не.
Точно е ова за името, заборавив да го пишам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki