Својата вера ја сакаме, а на туѓата се смееме

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Двајцата тиранијата и злосторствата не ги вршеле „во име на атеизмот“ туку на комунизмот.
Пример е Сталин, кој бил раснат во многу религиозно семејство, го спремале да биде свештеник, а и тој самиот во раните години бил религиозен. Маркс е роден Евреин кој преминал во Христијанство, Троцки бил исто Евреин.
„Верувам дека дејствувам согласно вољата на семоќниот Креатор. Борејќи се против Евреите, се борам за божјите дела“ Хитлер, Mein Kampg.
Пол Пот е израснат како будист и христијанин.
Сите наведени себе си се претставувале како месии кои се дојдени да ги спасат нациите на кои ѝм припаѓаат.
Ако милитантниот атеизам го сфатиме како реакција против злоупотребата на религијата врз луѓето, тогаш наведените не само што не се атеисти, туку се и жртви на религиите.

Ја забраниле религијата, кај првиот се одело робија поради религија, кај вториот на стрелање или на работа во полињата со ориз...али тие се исклучоци...
Маркс не бил роден евреин, никој не се раѓа со религија, подоцна ја даунлодираат...
Пол Пот бил рисјанин? Are u sure?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Не разбирам зошто некој воопшто би имал потреба да сака или да не сака нечие верување.....Сакате луѓето да бидат ваши клонови? Да мислат, да се однесуваат, да дејствуваат идентично како вас?! Тоа го сакате ли? Зарем не мислите дека тоа е малку глупаво?
Подеднакво глупаво е да ја "браниш" својата вера.... Како ќе ја браниш? Верување е не е знаење! Нели за тој што верува не се потребни докази? Нешто кое верниците постојано го нагласуваат. Епа ако не се потребни докази, зошто ви е потребно да браните и да негирате? Зошто одредени верници толку жестоко ја напаѓаат еволуцијата? Мислите дека ако замолчите нешто или некого што не ви оди во прилог, тоа ќе престане да биде "закана" за вашата вера?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot

Desert Rose

Нов член
20 јуни 2014
17
8
3
45
Па ако некој највеке се исмејува со верниците денес тоа се атеистите, што им е гајле на нив во што верувам јас или како се облекувам.Ееее колку пати како верник сум била исмејувана и гледана со предрасуди не ми се пишува овде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner and diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Па ако некој највеке се исмејува со верниците денес тоа се атеистите, што им е гајле на нив во што верувам јас или како се облекувам.Ееее колку пати како верник сум била исмејувана и гледана со предрасуди не ми се пишува овде.
Генерализирањето е најголемиот сојузник на заблудата. Мислиш дека верници не исмејуваат? Или дека нема атеисти што се коректни и што имаат почит кон религиите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, Electra and alba

Desert Rose

Нов член
20 јуни 2014
17
8
3
45
Да не треба да се генерализира,сепак за верник од било која религија полесно е да биде сфатен/разбран од некој друг верник колку и да им се косат ставовите отколку од атеист.Мислам на искрени и посветени верници.Има и разумни атеисти не велам не, ама јасен е нивниот став дека религиите се зло а верниците глупи луѓе.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Да не треба да се генерализира,сепак за верник од било која религија полесно е да биде сфатен/разбран од некој друг верник колку и да им се косат ставовите отколку од атеист.Мислам на искрени и посветени верници.Има и разумни атеисти не велам не, ама јасен е нивниот став дека религиите се зло а верниците глупи луѓе.
Па ако земеме примери од историјата а и од сегашноста, не се атеистите тие што војуваат со верниците, туку верниците помеѓу себе. Си слушнала атеист да се дигнал во воздух за да убие други атеисти? Или за да убие верници? Од ставови никој досега не умрел. Секој има право да има свој став.
Помеѓу кого се најголемите крвопролевања? Помеѓу верници и други верници!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Па ако некој највеке се исмејува со верниците денес тоа се атеистите, што им е гајле на нив во што верувам јас или како се облекувам.Ееее колку пати како верник сум била исмејувана и гледана со предрасуди не ми се пишува овде.
А си се запрашал ли зошто ве исмејуваат атеистите? Ај размисли малку. Затоа што твоето верување го наметнуваш на другите. Мислиш дека твоето верување (религија) е најисправно и дека тоа е “патот“ за сите луѓе. Е па не е. Ајде биди искрен барем спрема себе си, не мораш да ми одговориш, дали си на мислење дека атеистите се помалку вредни од тебе?
А не дека вие не се исмејувате со атеистите, туку и критикувате дека сме не знам и не знам што подолу и од...... (да не го пишам зборот).
Баш ми е гајле ти што ќе веруваш, твоја работа, се додека не го наметнуваш тоа на другите, се додека не се правиш супериорен со своето верување. Верувај си во што сакаш и остави ги другите да веруваат (или не веруваат) во што сакаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, MoonFairy and corki

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Генерализирањето е најголемиот сојузник на заблудата. Мислиш дека верници не исмејуваат? Или дека нема атеисти што се коректни и што имаат почит кон религиите?
Атеизмот е религија на новиот светски поредок.Зборот атеизам не значи негирање на постоењето на Бог туку спротивставување на Бог со неговото создавање и на сето тоа за што црквата се залага.Атеизмот е другата страна на паричката.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Атеизмот е религија на новиот светски поредок.Зборот атеизам не значи негирање на постоењето на Бог туку спротивставување на Бог со неговото создавање и на сето тоа за што црквата се залага.Атеизмот е другата страна на паричката.
Ниту е атеизмот религија уште помалку на нов некаков поредок. Атезмот постоел од древни времиња и ќе постои додека “постојат“ боговите. Ниту пак е друга некаква страна на паричка. Кој ли тоа те излажал?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ниту е атеизмот религија уште помалку на нов некаков поредок. Атезмот постоел од древни времиња и ќе постои додека “постојат“ боговите. Ниту пак е друга некаква страна на паричка. Кој ли тоа те излажал?
Никој не ме излажа,земи и ти разгледај и прочитај,а ова со паричката е точно така,едната страна е верата а другата стр.на паричката е атеизмот.Размисли убаво и ке согледаш.Атеизмот е против црквата и ке постои додека она постои а не додека постојат богови.