Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Шо ќе праиш, неверник, meat and potatoes kinda person, не може да се задлабочи во духовното, да го батали световното.
Тоа е тој духовњачки муабет со внатрешни суштини, свесности, надворешни непријатели и зверови, округли коцки и змејови. Наједноставно прашање се шири како балон. Е па каков е тој твој Бог, не можеш да одговориш директно на едноставно прашање, дали е добар, лош или неутрален?
:( Вегета ти го отрула умот!
Во ред, еве одговор.
Спомнав предходно дека најблиску до бог е семејство.
Па ќе одиме со ред.
pregnant-woman-and-man.jpg

Машкиот атрибут,ја отлискува силата,строгоста,неговиот збор е закон и секое нарушување на законот следи казна,но доколку ги почитуваш законите тој ќе биде благ и милсотив,за таа послушност ќе бидеш награден,тој не родил,ниту е роден..најчест пример можеш да сретнеш во исламот.
Женскиот атрибут,ја отсликува љубовта,грижата,плодноста,таа само дава,но исто така знае да биде лукава и итра,најчест пример е во источните земји каде бог има женски атрибут.
И тоа во стомакот,не родено,не спознаено,живее во сосема друг свет поразличен од другите,тој е едно со водата,слуша гласови,но не знае од каде доаѓаат.
Овие особини ги имале само поедини луѓе кој се познати како божји пратеници,просветлени,месии,оние кој пренесуваат информација создаваќи ги идните верувања, догми и некој друштва.Гласовите добивале имиња како Габриел,ангел божји и др.
Тоа поминуваат низ тесно за да се "вратат" онаму од кај што дошло,поминуваат низ пекол.Постојано се мачи за да постои во надеш да се осознае кој е и што е,тоа се содава и се јаде самото.Тоа е неименувано,не дефинирано,све од него потекнува,тоа е почетокот и крајот.Исто така е познато како Ouroboros

Во некој друштва,ова се двата столба и сводот кој ги соединува,врата низ која треба да се помине.
Христијанството проба да го соедини во едно преку отецот,синот и светиот дух,но лошто толкување доведе до уште едно делење.
Секое разделување и застапување само на едно,од она кое всушност не треба да се дели,доведува до нестабилност,омраза и меѓусебно уништување.

Мојот бог е семејството,а дали е добар, лош или неутрален зависи од која положба ќе гледаш,но зошто се мачиш со мене кога ти во тој бог не веруваш.:kafe
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Авраам

Староседелец
11 јуни 2013
22
9
603
41
Постојат вистински и невистински чеда?
Ако вистинските ги создал бог, тогаш кој ги создал невистинските?
По твоево мислење заклучив дека и покајанието не помага за неверниците. А од раѓање ли се такви?
Вистинските чеда се чедата кои што го прифатиле Божјето слово и Божјата волја, целиот живот го водат според истите и тие го прифатиле Бога во своето срце без никакво сомневање.
Покајанието за неверниците е прифаќање на Бог и Божјата волја. Од моментот кога неверникот го прифаќа Бога во своето срце тој станува друг човек, човек кој го прифатил патот Господов.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Ти си таков верник?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Што врска има Интернетот со ова?
Кои се вистинските кои се посветуваат на верата и го примаат Бога во себе?
Испосниците... на македонски кажано: Пустиножителите.
Благодетите на овој живот(меѓу кои и интернетот) ... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Авраам

Староседелец
11 јуни 2013
22
9
603
41
Кои се вистинските кои се посветуваат на верата и го примаат Бога во себе?
Испосниците... на македонски кажано: Пустиножителите.
Благодетите на овој живот(меѓу кои и интернетот) ... :)
Восприемањето на Бога не значи живеење од вино и леб.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Вистинските чеда се чедата кои што го прифатиле Божјето слово и Божјата волја, целиот живот го водат според истите и тие го прифатиле Бога во своето срце без никакво сомневање.
Покајанието за неверниците е прифаќање на Бог и Божјата волја. Од моментот кога неверникот го прифаќа Бога во своето срце тој станува друг човек, човек кој го прифатил патот Господов.
А кажи ми дали жените кои што уживаат во сексуалните односи се божји чеда, пошто во библијата пишува дека мажот треба да ужива во жената а никаде не стои дека и жената може да ужива во мажот?