На прво место ми е кариерата, после сѐ друго

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Сте биле ли сведок или можеби вие сами во ситуација кога вашата професија од соништата конечно ви е на дланка и можете да напредувате во вашата кариера, да се покажете пред колегите дека вие можете повеќе од нив, доприденосувате за свежи идеи, ја носите фирмата напред... А додека вие летате во тој сон на вашата кариера целиот ваш приватен живот е загрозен? Пријателите се лутат бидејки не сте се виделе од минатиот божиќ, партнерот секогаш спие кога вие ќе се вратите од работа, најчесто насабајле на масата за доручек и двајцата молчите... И така лека полека кариерата ви е на прво место а кога имате момент за вас вие сте осамени, сите се откажале од вас бидејки вие и така и така немате време за нив...

Вашето мислење?
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Мое мислење е дека америчкиве глупости премногу делуваат на некои поединци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Onkel

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Мое мислење е дека америчкиве глупости премногу делуваат на некои поединци.

Па да. Се сложувам со тебе. Премногу холивудски филмови го претставуваат баш тој вид на живот.
Апсолутно сметам дека секој кој се одлучил на таква кариера колегите треба да му се пријатели а партнерот некој од неговата бранжа. Или воопшто да не си идат дома. Нека спијат таму... Јадници...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па не мора нешто којзнае каква кариера...денес и шивачка и продавачка и келнер, вработените кај новите `инвеститори`....немаат да посветат доволно време на себе си или на оние кои им значат нешто.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Абе, Холивуд, таму обично келнерката се мажи за билионер и после кариера ѝ е да му биде украс...евентуално овие вистинскиве случаи на келнер(к)и и билионери, каде другата половина станува старлет(а), лансира модна линија, чкљ парфеми и тресе глупости на интернет.

Има кариера и кариера т.е. кариерче. Едно е да бркаш врски, семинари, службени патувања, проекти до доцна и сето тоа да е за напредок во бизнисот, покачена плата/позиција и повишен углед, а сосема друго е кога ти е битно максимално да се посветиш на тоа што го работиш поради парче леб и навреме платени сметки. И во двата случаи на прво место ти е таа т.н. кариера, но мотивите се сосема различни, а осаменоста и лутењата секако идат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and FallenAngel

AnnaBanana

Нов член
28 јануари 2015
4
2
3
За жал неможеш да имаш се во исто време животот бара жртва , едноставно самата ситуација налага така..јас имам совршена работа што ја посакував долго време. работам во филмска индустрија , наскоро треба да се откажам од мојот сон , да се преселам во друга држава за да бидам со мојот партнер, којзнае што ме чека, али ќе исчепкам пак некоја работа поврзана со уметност, ама не се надевам да е во никој случај тоа што го работам сега.
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Не е точно и не треба така да е,кариерата да е најважна