Адаптирање на ново работно место (релација - колегијалност)

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Здраво драги мои !! немам каде да се олеснам и кој да ме советува па затоа се одлучив овде. Пред една недела тргнав на работа прва работа и тоа на струката, се убаво, во приватна фирма сум, ама колешките ми се едни лигави, се прават дека се којзнае што, родителите им се богати на сите, а моите се обични работници. Дали дека сум нова па ме гледаат како конкуренција, многу се дигаат. Многу грозно се чувствувам кога сум на работа како да сум вишка таму :( Уффф, глупаво најглупаво чувство :place
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Ти одиш за себе на работа, не за нив. Сите различно ги перцепираме работите, можеби вистината и не е таква. На секој човек вреди да му се даде шанса. Обично луѓето не се такви какви што изгледаат на прв поглед. Најлошото во целата работа е цитирам.. се прават дека се којзнае што, родителите им се богати на сите, а моите се обични работници. Па што ако се твоите работници? А како станале нивните богати? Можеби со труд и посветеност.. Дали навистина е така? Или самите сакаме да ги етикетираме луѓето.. Нема никаква врска.. Постојат човечни луѓе и помеѓу финансиски побогатите и посиромашните. Покрај се, не не прави материјалното богати, колку клише и да делува навистина е така. Ако навистина ти е непријатно во нивно друштво подобро кажи им или одржи го разговорот стрикно на професионално ниво. Не сите сме изградени од иста материја не има и со спротивна наелектризираност. :) Пред се, дај му време на времето и биди трпелива, па ќе видиш како се одвиваат работите :)
 

snowbela

Нов член
30 јануари 2013
29
12
3
34
Да, имаш право можеби така само изгледа, си правиме муабет, кога имам потреба од помош ми помагаат, но ете такво чувство имам дека ми прават само лице. Како и да е, барем газдите се прекрасни!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кратко и јасно :
Извршувај си ја својата работа и не им дозволувај да те демотивираат.
Биди културна и фина,доколку имаш некој посериозен проблем обрати се кон шефот.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Па нормално дека ке ти изгледа дека ти прават лице,ти очекуваш да те сакаат за кратко време најмногу на свет?
Ти ги сакаш нив од коренот на душата?
Штом кажуваш дека ти помагаат тоа значи и дека не ти прават некаква препрека и сопка во работата.
Неможе секогаш да бидеме центар на универзумот за да ги сметаме работите деа течат во позитивна насока.
Не да те заплашувам,ама челичи се,што се нема низ светов.
Тек почнуваш во опркужениа каде се печали лебот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Па нормално дека ке ти изгледа дека ти прават лице,ти очекуваш да те сакаат за кратко време најмногу на свет?
Ти ги сакаш нив од коренот на душата?
Штом кажуваш дека ти помагаат тоа значи и дека не ти прават некаква препрека и сопка во работата.
Неможе секогаш да бидеме центар на универзумот за да ги сметаме работите деа течат во позитивна насока.
Не да те заплашувам,ама челичи се,што се нема низ светов.
Тек почнуваш во опркужениа каде се печали лебот.

Се согласувам,секаде има препреки и потешкотии, но со самото соочување со нив стануваме поспособни.
Не цветаат рози и не тече мед и млеко,тоа е реалноста во која секој се соочува или секој треба да се соочи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се согласувам,секаде има препреки и потешкотии, но со самото соочување со нив стануваме поспособни.
Не цветаат рози и не тече мед и млеко,тоа е реалноста во која секој се соочува или секој треба да се соочи.

Цвеќиња веке се помалку и во градините има.:D
А и одма ги кинат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сите добри пријателства започнуваат со:
На почеток не можев да те поднесам ;)
Треба да имаш трпение додека постанеш дел од тимот.
Секој почеток е тежок.

Море кога се префрлив од еден објект во друг,цел тим кои веќе беа работеле заедно кои 4 кои 6 години,се договориле заедно сите да направат сама да се откажам од работа :D .....за да отпосле испадне дека тие мислеле,при промена на газдите,дојде до промена и на раководството,се плашеле дека тие ке бидат сменети,но кога сфатиа дека не е така,ден денес си тераме мајтап за тогаш.
Како само ме игнорираа,но сега е сосема спротивно и не би сменила ниту еден од тимот со кој што работам.
Почетоците за сите се тешки,и за ново дојдените и за прифаќањето на новите од страна на оние што веке работат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena