Сплавови на Вардар

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Со пловните објекти ќе се зголеми можноста за уживање и забава покрај Вардар. Идејата за сплавовите е добра, и покрај тоа што скопјани ја гледаат со недоверба - Коце Трајановски градоначалник

Конкурсот на градот за поставување четири пловни објекти - сплавови во коритото на реката Вардар осамна вчера во дневниот печат. Поставувањето на сплавовите е предвидено и во деталниот урбанистички план за Малиот ринг. Првиот сплав ќе се монтира под Колонадата, вториот спроти неа, на делот од кејот под хотелот „Холидеј ин“, третиот под Музејот на ВМРО, а четвртиот ќе е отспротива, под некогашниот Офицерски дом.

- Градот ќе ја прави инфраструктурата за сплавовите, па затоа не можам да кажам колку пари ќе чини овој проект. Пловните објекти ќе се уште едно место за забава на скопјани. Идејата за сплавовите е добра, и покрај тоа што скопјани на неа гледаат со недоверба - изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Повеќето наши сограѓани не сакаат сплавови на Вардар. Велат дека со фонтаните, мостовите и скулптурите, па сега и со сплавовите само ќе се натрупа плоштадот.

- Дали сакаме да има сплавови или не воопшто не им е битно на градските власти и на градоначалникот Трајановски. Тие само сакаат да си ги истераат своите желби. Никој воопшто и не ги споменува проектите од предизборната кампања на Трајановски, како што е гасификацијата. Голем дел од скопските населби сé уште немаат фекална и атмосферска канализација, На Вардар нема ни пречистителни станици, но затоа ќе имаме сплавови. Трајановски вети и проширување на гробиштата „Бутел“ и „Камник“, но и од тоа негово ветување нема ништо. Тоа се проекти што се значајни за градот, а не плажите и сплавовите - коментираат скопјани.

Во конкурсот се вели дека секој сплав е посебна целина, односно објавата е посебно за секој пловен објект. Најмногу бодови ќе носи цената на понудата, односно 60 бода, а идејното решение и материјалите од кои ќе биде направен сплавот ќе носат 40 бода. Сите заинтересирани понудите може да ги достават најдоцна до 11 април во 11 часот, во архивата на градот. Истиот ден ќе се одржи и јавното отворање на понудите. Одобрението за поставување пловни објекти ќе се издава за период од 10 години, со можност за продолжување.

Дали сте вие против или за оваа идеја на градот?
Доколку сте против, зошто сте против тоа.
Дали мислите градот би имал поубав изглед со сплавови на нечистиот Вардар?

Мое мислење е Против. Затоа што реката е доста нечиста и многу мала за таква работа. Едно е Дунав да има сплавови а друго е Вардар. Како што слушнав утринава на радио, има еден концесионер и градот би му ги дал на 10 години концесија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Барем филтер на водата да и стават. Ние ај наши сме си, но странец кога ќе дојде и пие кафе на сплавот и од водата излегува конзерва од храна за кучиња и што да помисли тогаш. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мила and True_Blood

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ќе ви објаснам најдобро преку вицов:

Поминува Итар Пејо преку камен мост и го гледа Тарзан како се спрема на скокне во Вардар:
- Немој да скокаш, долу има многу школки!
- Јас сум Тарзан, крал на животните, не се плашам ниту од лавови, ниту од слонови а камоли од вашите школки.
Скокнал Тарзан и после 5 минути излегува целиот со крв и го прашува Пејо:
- Какви се тие школки на дното?
Итар Пејо:
- Па има две од Фиќо и една од Лада.


Идејата му е дојдена од сплавовите на Дунав, ама Вардар не е Дунав. Башка цела Канализација иде во Вардар, па кога ќе бидеш на сплавовите ќе се осеќаш како да си во Полско WC.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Досега сите идеи од градоначалникот на Скопје се одлични, зарем не гледате колку се разубави плоштадот? А тоа што на некои буквално ништо не им се допаѓа, тоа не е ни нивен, а ни наш (ние граѓаните што сакаме Скопје да биде поубав град) проблем. Мрчаторските коментари најдобро се објаснуваат со оваа слика:

db396dbffb73473.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Досега сите идеи од градоначалникот на Скопје се одлични, зарем не гледате колку се разубави плоштадот? А тоа што на некои буквално ништо не им се допаѓа, тоа не е ни нивен, а ни наш (ние граѓаните што сакаме Скопје да биде поубав град) проблем. Мрчаторските коментари најдобро се објаснуваат со оваа слика:

db396dbffb73473.jpg
Одма правиш грешка има луѓе кој подржуваат тоа во Центар , ама се против сплавови и против плажата таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Досега сите идеи од градоначалникот на Скопје се одлични, зарем не гледате колку се разубави плоштадот? А тоа што на некои буквално ништо не им се допаѓа, тоа не е ни нивен, а ни наш (ние граѓаните што сакаме Скопје да биде поубав град) проблем. Мрчаторските коментари најдобро се објаснуваат со оваа слика:

db396dbffb73473.jpg

Може се одлични сите идеа за тебе но не за сите други. Мене лично плоштадот ми се допаѓа, ми се допаѓаат скоро 80% од новоизградените работи. А за сплав сум против затоа што немаме толку голема река за сплав а и многу загаден е Вардар. Ќе им треба 1 деценија за да го исчистат. А и да го исчистат луѓето пак ќе си фрлаат отпад. Не му доаѓа памет на народот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Може се одлични сите идеа за тебе но не за сите други. Мене лично плоштадот ми се допаѓа, ми се допаѓаат скоро 80% од новоизградените работи. А за сплав сум против затоа што немаме толку голема река за сплав а и многу загаден е Вардар. Ќе им треба 1 деценија за да го исчистат. А и да го исчистат луѓето пак ќе си фрлаат отпад. Не му доаѓа памет на народот.
Е добро, штом си 80% за тогаш е добро. :p Само, не гледам ништо лошо во идеата за сплавови на Вардар.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Е добро, штом си 80% за тогаш е добро. :p Само, не гледам ништо лошо во идеата за сплавови на Вардар.

Па нека го покачат нивото на водата во Вардар, нека ја исчистат што е можно побрзо водата. И тогаш ќе биде супер и за сплавови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас подржувам се што е ново, инвентивно и интересно.

Не е лоша идејата, само да се реализира треба да средат некои други работи прво.
Да не се лажеме, Вардар???...Вардар??? :unsure Не ми изгледа баш како соодветно место за кафе-пиење, барем не додека очекувам у позадина некое летачко го**о во ритамот на Ода на радоста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and Hip.Hop_MKD