Фитнес дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во многу постови забележав дека многу од форумџиите, посебно форумџиките се спремаат психички за слабеење.
Дали се диети во прашање или спортски активности секој на свој начин.Но дали од недостиг на дисциплина,
мрзеливост или немање време,не успева сето тоа и останува само како неостварена желба.
Темава ја отварам со цел,
заедно да водиме евиденција за намалувањето на килажата, зацврстувањето на телото,
намалување на обемот на страничното салце
( спојлерите)
и начинот на исхрана.
Се во едно.
Би започнале со моменталната килажа,
мерење на обемот
и желбата што би сакале да промените на своето тело.
Со запишување на сето тоа,
свесно го пратите начинот на исхраната и истовремено свесно размислувате на целта која ја имате пред себе.
Всушност се мотивирате самите себе и за некое одредено време ќе можете да видите дали и колку сте постигнале нешто.

Ќе почнам од себе:

Висина1.70cm
Тежина 60kg
Обем на стомакот: 70cm

Желба: Да го зацврстам телото без да слабеам и да симнам 5cm од обемот на стомакот.

Доручек: Сендвич со шунка и кашкавал.
Измеѓу: Витамински шејк
Ручек: Сендвич со шунка и кашкавал
Измеѓу:Витамински шејк
Вечера: Салата со туна и маслинки.
Околу литар и пол вода.
Спортски активности денес:
30 мин. трчање во шума и 50 стомачни дома.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Јас веќе сум во фаза на слабеење преку диета и повеќе видови на вежбање - elliptical (не знам како да го преведам), на справа за стомачни и ролерки. Плус кардио (брзо - споро пешачење) околу 4-7 км на ден.
Од аспект на диетата, не би рекла дека е диета, туку поздрав начин на исхрана.
Леб избегнувам, за овие 2 недели колку сум на овој режим, вкупно имам изедено 3-4 парчиња црн леб.
Месо секако не јадам, исклучиво свежи салати, овошје, и варена/печена храна.
Исклучиво маслиново масло.

Ноќе нема јадење (до сега ноќе каснував и по 200гр. чоколадо, фемили сајз смоки/чипс...) само чајче со лимонче :)

Јас сум многу здебелена, надвор од нормалното, и сум задоволна со резултатите после само 2 недели.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас веќе сум во фаза на слабеење преку диета и повеќе видови на вежбање - elliptical (не знам како да го преведам), на справа за стомачни и ролерки. Плус кардио (брзо - споро пешачење) околу 4-7 км на ден.
Од аспект на диетата, не би рекла дека е диета, туку поздрав начин на исхрана.
Леб избегнувам, за овие 2 недели колку сум на овој режим, вкупно имам изедено 3-4 парчиња црн леб.
Месо секако не јадам, исклучиво свежи салати, овошје, и варена/печена храна.
Исклучиво маслиново масло.

Ноќе нема јадење (до сега ноќе каснував и по 200гр. чоколадо, фемили сајз смоки/чипс...) само чајче со лимонче :)

Јас сум многу здебелена, надвор од нормалното, и сум задоволна со резултатите после само 2 недели.
Колку калории трошиш со пешачењето?
Важно е да бидат повеќе потрошени калории отколку внесени.
Иако броењето калории е глупост за мене.
И воопшто диетите.
Промената на исхраната е важна како што напиша ти во постот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Колку калории трошиш со пешачењето?
Важно е да бидат повеќе потрошени калории отколку внесени.
Иако броењето калории е глупост за мене.
И воопшто диетите.
Промената на исхраната е важна како што напиша ти во постот.

Вака :)
Користам 2 апликации Noom и Cardio Trainer од кои Нум го плаќам. Тие си се синхронизирани, башка се што правам автоматски ми се сејвува на нет :)
Нум го користам околу пресметка на калории, никогаш тоа не е сосема точно а и не мора да биде, во прицип пазиш колку јадеш. Колку повеќе вежбаш - толку повеќе калории имаш на располагање.
Без вежбање, на ден за да останам на иста килажа, ни повеќе ни помалку, препорачани ми се 1220 калории. Со вежбањето ми се зголемуваат до некаде 1400 - 1500.
Сега за сега, најмногу успеав да изедам 900 калории во еден ден :)

Се под 1200 телото ги користи веќе наталожените калории во мене, односно под 1400, 1500 итн, зависи колку ќе ,,извежбам,,.
Нум во себе има педометар кој морам да признаам дека е доста точен, пресметува и калории.

Сега, Кардио Тренерот малце поинаку работи. Буквално брои согорени калории. Потребен ти е GPS за него, бидејќи точно ми забележува од која адреса до која сум отишла, брзина со која сум се движела, угорница колку метри сум искачила, кога сум правела пауза итн.
Заедно двете апликации - совршена комбинација, и тоа Кардио ми е бесплатна верзија.

Во принцип Кардио од пешачење ми пресметува од 100 - 200 калории, затоа што не одам пребрзо и одам почесто на рамна површина. Нема потреба од подесување (кај Нум треба да си подесиш што вежбаш - стомачни, ролерки, склекови, точак....) само си прерачунува се :)

Пред некој ден планинарев малце, одма ми пресметал плус калории ради повисоката стрмнина што сум ја искачувала.

Ти бидејќи сакаш само да зацврстиш, но не и да ослабеш, би било супер да си го користиш Кардиото, ќе пазиш да не изгубиш повеќе од потребното калории (апликацијата ќе ти пресмета колку треба да внесеш за да останеш ,,рамно,, во килажа) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and Lena

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Де бе? Мрднете ја темава. :D
Немав вежбано од куково лето, па пред една недела се вратив на долгите стази. Подобро во живот се немам осетено.
На мојава висина од 175цм, имам горе-долу таман тежина која е лошо распоредена т.е. долги и слаби нозе, но малку поразвиен горен дел, па работам на баланс.

Појадок - јаболко/овошен јогурт или житарици со Баланс јогурт кои ужасно ги мразам, но даваат неверојатно многу енергија.
Ручек - што има дома зготвено, со тоа што јадам максимум 2 кришки црн леб + многу салата со лимон.
Вечера - зависи дали ќе ми се јаде. Обично е некоја салата со белки од јајце или супа со лимон.
Ужина - Бонжита, некое овошје + сок од црвен портокал.
Благо нема, газирано па ич, само вода, дневно по 5 шишенца од пола литар минимум.

Тренингот ми е отприлика два саати, преку еден ден, и е мешавина од кардио и затегање:
Петнаесет минути на трака, наизменично трчање и одење, со тенденција да ја зголемувам минутажата на трчање секој нареден тренинг.
Дваесет минути возење точак, исто со менување ниво според можности.
Околу 10 минути на степ(ер)...не сакам мускулести нозе. После ова следи мал одмор.
Потоа иде покритичниот дел. Вежби за раце, грб, стомак, половина и задник, со и без тегчиња + растегање + planking.
Вкупно околу 40-45 минути ми одземаат тие вежби.
Орбитрек ми е обично краен како најлесен, па го користам да се опуштам и одморам некои 15-20 минути пред да си одам.

Е боли до мајчина првиот тренинг, посебно ако си неактивен некое време, ама сега едвај чекам да одам да се издувам. (muscle)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
:rolleyes: А ууу,имала ваква тема а не кажувате,дури сега ја приметив.
Епа дневниче,овие манекенкиве над мене како детално те известиле се,јас така не знам.
Познато ми е она кардио ама тегови мегови уште не сум фатила во рака :zelen и дали ке фатам е прашање.
Браво Електра штом орбитрек ти е најлесен,мене ми е тежок.
Не дека осеќам физички напор дур сум на него ами психички.:D
Ми се чини дека ако не сум сконцентрирана ке изгубам рамнотежа и ќе паднам.:sram
Ама и со траката беше исто но сега не се плашам дека ке паднам.(машала напредок (bandit) )
Како вежбате по два саати,јас нема шанси да издржам....или треба време а?
Одам три до четири пати неделно,еве веќе дури цели полни две недели.
Како што и веќе се испофалив и во друга тема,незнаејќи дека има соодветна почнав со далеку нешто по благо од се што прочитав над мене.
Да не се оптеретам многу. :zelen
45 мин.до еден час,комбинирано пешачење,орбитрек и двата точаци(по стручно не знам).
половина час сауна и турска бања комбинирано,половина час,некогаш и повеќе пливање и десетина минути релакс џакузи :zelen (омилен дел)
Околу исхраната дневниче поарно да не ти кажувам.
Единствен плус каков таков е лебот кој веќе скоро и една година како го имам заменето со црн,само што сега и таквиот го избегнувам.
Денот почнува со пет шест зрна аронија,чаша вода и јаболка.
Нема режим доручек ручек и вечера,од причина што доручекот понекогаш може да биде и вво 19часот (worried)
И така дневниче...
Толку за сега,оти ептен калории испотрошив пишувајќи.Ако продолжам ќе мора да ги надоместам. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Страничните перничиња час ги имам,час не зависи од килажата.
Ако спаднам на две кг помалку ги нема,
ако накачам две кг повеќе тука се.
Ми варира килажата две кг.горе-доле.
Висината остана иста,освен ако облечам високи кондури раснам.:)
Супер ствар ха?
Но,чудното на сето тоа е кога добивам кило две,перничињата се тука па колку и да се утепам од тренирање не ги снемува.
Се појавила само линија над нив,па изгледаат поубаво.
Финтава е што не ми сметаат повеќе,дури и не сакам да ги немам.
Исхрана моментално ми е катастрофална,така да не можам да напишам примерно што како јадам.
Се трудам да јадам редовно,барем доручек да има.
На тренинг најчесто висам по 40 мин.на степер+ 40-50 мин.на справите за стомак,раце и нозе.
Во студио кај нас донеле степер многу е добар.
Покрај тоа што уништуваш калории,набиваш кондиција и сл.можеш да ги тренираш посебните мускули на нозете.
Јога правам три пати во неделата по саат време и насабајле 15-20 мин посебно избрани вежби(зависно од времето).
Пијам многу вода,ама не јадам.
Не зашто држам диета туку зш не ми се јаде.
Што друго?
Тоа.
Сауна не сум посетила одамна добра идеја Мелпомена :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Градината ми е одлична тренинг сала,пролетно копање рачно го правам без машина,обично садам патлиџан,пипер,по некоја зелка и млади кромитчиња.Постојано има нешто да се работи.Неколку дрва со јаболка за берба се одлични да се истегнеш,малините по крајот насадени стани - чучни за стомачни добрисе,крушите иако мали се дрвата добар род даваат,малку мака ми прави оревот кога треба да го берам,но добри торти од него се прават.Добра занимација и здрава храна,ниту едно кило немам повеќе во однос на висината. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дневниче,единствено што не ми се допага е што морам косата да ја сушам со фен.:(
Лежањето на топлите кревети сега ми е омилен дел.:zelen
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дневниче,денеска изгледа претерав.
Од тоа сега ме боли главата,а никогаш во животот не ме болела,или па не?
Плус заборавив дека не јадев,имав многу работа.
Денеска ме известија дека ке ги ограничат деновите за користење на местото кај што одам за надворешни гости,а јас сум таков.
Зарем таман се навикнав нема да ми дозволат да одам петок,сабота и недела?
Ке мора ургенции или молби да фрнчат,со четири дена нема да се задоволам.:zelen