Исповед на деца на разведени родители

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав :( И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.


Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да видиме дали некој сака воопшто да зборува за тоа или не.
Мислам дека со горенаведеното прашање
навлегуваш во премногу интимна сфера.

Он:
Да се биде дете на разведени родители воопшто не е толку лошо.
Ако двајцата останат во добар пријателски контакт,
подеднакво се грижат за доброто на тоа дете
а и му посветуваат доволно љубов не би требало да има проблем.
Проблемот е ако родителите преку детето ги заштитуваат индивидуалните потреби,
се осветуваат еден на друг,
запаѓаат во депресии и се одаваат на алкохол,
дрога и слично.
Тоа би представувало проблем за детето.
Кога како ти што наведе горе,
те користел татко ти за своите потреби,
( не е важно какви)
зборувајќи ти како мајка ти не го сака,
со тоа прави,
ако ти не успееш да ја убедиш мајка ти да му се врати да се чувствуваш виновна,
тоа е проблем.
Тоа за мене е манипулација.
Можеби не мислел ништо лошо,
но приметувам дека не мислел, а тоа е лоша карактеристика за еден возрасен човек.
Незнам дали сето ова што го кажуваш е само
FAKE,
или реална вистина,но сепак мислам дека треба да се обратиш кај некој кој професионално може да ти помогне да го акцептираш и преработиш тоа.
Постои опасност сето тоа да го префрлиш на твоите деца( без да сакаш).
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мислам дека со горенаведеното прашање
навлегуваш во премногу интимна сфера.
`nuff said.

Иако темава би поттикнала интерес, сепак никое дете кое е од разведени родители не е доволно улаво вака јавно да си го пласира својот интимен живот. Освен по колумни, далеку повеќе разглобено и додадени нишки на фикција.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав :( И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.


Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...

Ти не си ништо крива и не треба да се обвинуваш себе си за глупостите на твоите родители. Зошто те терал тој да зборуваш убаво пред мајкати, зарем тој направил нешто лошо па сака да го прикрие со убавите зборови на детето и поради него автоматски мајка ти да останеше тука?
Откај знаеш татко ти какви далавери правел штом те терал да зборуваш убаво за него?

-Ова е само мое мислење онака површински,формално. Немам никаква злонамера, само сакам да подискутираме, може?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: O'Connell

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ова што ќе го напишам е поттикнато од мое лично искуство како дете на разведени родители...
И ќе ти кажам едно НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ....така да не ја сфаќај целата ситуација како трагична драма зашто не е и не дозволувај да те погоди или да анализираш зошто и како, зашто таквите мисли ќе те уништат....не е лесно, ама без секој и без се’ се можи...
Ти си премногу млада, цел живот е пред тебе и те чекаат уште многу искушенија, а верувај разводот на твоите родители е само едно од нив...немој во ниеден момент да дозволиш разводот на твоите родители да ти ја искриви сликата и вредноста на бракот...бракот е света заедница а ако твоите не успеале, ќе успееш ти...главта горе и биди силна...
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав :( И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.


Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...



Има во веков и светов луѓе со потешки и далеку помачни судбини од твојата а разводот во денешно време е се почест важно е да не си била физички или психички малтретирана.
и тоа не ти е цел да си ја оправдуваш својата неспособност, со тоа што уперуваш вина на твоите родители секој си има свој живот те изгледале те чувале натака сама одиш во животот, во кој нема пријатели, роднини, и вистинска љубов се е една голема лага на кило.
Ама живот е да се живее со секојдневна борба и верба во никого.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
И моите се исто така разведени уште откако знам за себе.. понекогаш кога ќе видам цело семејство собрано на купче ми се кине срце и се прашувам зошто животот е толку суров... а понекогаш пак сум толку среќна поради тоа, искрено ни сама не знам зошто..
...чудна работа....
Но да, мораме да го прифатиме тоа како што е и да продолжиме со крената глава, затоа што понатака следат уште многу искушенија а разводот е едно од нив, како што кажа и LittleButterfly
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sarita