Филмот со пајакот

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сакам да се туширам,
и гледам мало светло пајаче во када.
Го гледам јас, ме гледа и тоа( мислам дека ме гледа, не сум сигурна).
И во глава, ми доаѓа мисла која сум ја прочитала некаде:
Светли мали пајаци носат среќа....
Хммм..
Што да правам?
Да го убијам немилосрдно или да му го спасам животот?
Се одлучувам да му го спасам животот, може ќе ми донесе среќа.
Додека се трудам да го спасам т. е фатам,
размислувам за среќата..
Доволна ми е една мисла да направам цела тема на размислување во глава.
Среќата...
сите очекуваат некој или нешто да им донесе
среќа.
Сите очекуваат да најдат партнер кој ќе ги усреќи,
сите или повеќемина од нас, чекаат да добијат на лото и најпосле да бидат среќни..
Кога ќе видиме, животов ни поминува во
чекање ( на каса, во гужва, на следниот одмор, на телефонски повик, на платата, на автобусот, на некој кој ќе не усреќи ) па и на среќата..
И така,доаѓам до некој заклучок
дека среќата не е зависна од никој друг,
па ни од светлото пајаче кое се мачи да излезе од кадата, ама не му успева.
Среќата зависи од нас самите.
Се будиме наутро и сами одлучуваме дали ќе имаме среќен или никаков ден.
Мислите го прават своето, па и среќата.
Ако се, што се случува околу нас гледаме со негативни очекувања,
самите си ја ствараме несреќата со нашите мисли.
Гледајќи се позитивно
допринесуваме за нашата среќа..
Сето тоа би го нарекла игра на мислите,
среќа или несреќа.
Некои вечно чекаат на партнерот кој ќе ги направи среќни..
хмммм...
Никој не може на долг период да не прави среќни, ако самите не сме среќни.
Можеби ќе функционира едно време,
но потоа ќе бараме уште повеќе докази од негова страна,
кои ќе не направат среќни,..
неможејќи да ни ја даде или пружи нашата среќа,
ќе се жалиме како тој парнер не прави несреќни, со тоа што неможе да не направи среќни ...
Хе? Конфузија на мислите...
Зар не е среќа, кога додека врне се појавува сонцето и позади нас се појавува прекрасна слика на природата, виножитото?
Зар не е среќа што се будиме здрави
и се спремаме за на работа?
Зар не е среќа што имаме вода дома,
и не мораме да носиме кофи со вода донесени од изворот?
Зар не е среќа што сме ние, ние?
Би можела до утре да филозофирам за нештата кои би можеле да не направат среќни,но
најпосле успевам да го фатам пајачето
во дланките, и се прашувам како ме доживува во моментов?
Се плаши ли?
Или е среќно што му го спасив животот?

Го отварам ширум прозоророт од кујна,
ги отварам дланките,ги затварам очите
и посакувам желба( може стварно ќе ми донесе среќа пајачето)...
и го гледам како се губи од мојот видик..
Му го спасив животот, тоа е среќа...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Значи сепак ти одлучи да му ја донесеш среќата,бил осуден на твојата милост или немилост,на твојот избор (или можеби сам си помогнал со добрите мисли дента и затоа реши да го пуштиш):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and lady_blue

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Значи сепак ти одлучи да му ја донесеш среќата,бил осуден на твојата милост или немилост,на твојот избор (или можеби сам си помогнал со добрите мисли дента и затоа реши да го пуштиш):)
Во горенаведениот текст се работи за личната среќа на луѓето, а не на пајаците:)
и да, неговата среќа во овој случај зависеше од мене.Можеше и несреќно да биде усисан..
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Во горенаведениот текст се работи за личната среќа на луѓето, а не на пајаците:)
и да, неговата среќа во овој случај зависеше од мене.Можеше и несреќно да биде усисан..
Многу внимателно го прочитав ама јас ти направив паралела дека како што неговата среќа зависела од тебе така не секогаш среќата наша зависи само од нас:)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Многу внимателно го прочитав ама јас ти направив паралела дека како што неговата среќа зависела од тебе така не секогаш среќата наша зависи само од нас:)
Хмммм...
а од кого зависи нашата лична среќа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
melpomena - 17 Јули 2012
Да чекаш некој да те направи срекен,тоа е најсигурниот начин да останеш тажен.



Кога сме веќе на тема,
melpomena, ти ја ставив мислата и овде,
се надевам во ред е,
одговара на колумната.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Хмммм...
а од кого зависи нашата лична среќа?
кога човек би можел потполно да се одвои себеси од својот свет, тогаш би можел да е потполно одговорен за сопствената лична среќа.
ама тогаш, така одвоен, дали воопшто би имало смисла да се зборува за лична среќа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Моето мислење за среќата е,
дека можеме свесно да одлучиме и со тоа да делуваме
дали ќе бидеме среќни или несреќни
за одредени ситуации.
Секогаш постојат две солуции,
во кои најчесто
песимистите бираат несреќа,
додека оптимистите најчесто ја бираат среќата.

И уште би ја квалифицирала оваа среќа во наша лична среќа,
онаа која зависи од нас.
Иако, се зависи од нас..

зборувам за среќа како чувство..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
кога човек би можел потполно да се одвои себеси од својот свет, тогаш би можел да е потполно одговорен за сопствената лична среќа.
ама тогаш, така одвоен, дали воопшто би имало смисла да се зборува за лична среќа?
па ако тоа го прави среќен,
да биде одвоен за да биде среќен
тогаш делувал свесно на
неговата лична среќа , која за нас можеби е незамислива( тоа одвојување)..
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Можеби нашата сопствена среќа не зависи само од нас,но од кого зависи?
Ете ние не сме бирале сами да се родиме,не сме бирале каде,од кого.
Ако сакаме да ги разграничиме работите,постојат доста кои би припаднале на страната на она дека нашата лична среќа не зависи од нас самите.
Можеби не е наш изборот како ке растеме,влијанието од семејството не е мала работа,но исто како и сите деца и нас не пуштиле во школскиот двор,свет во кој делумно сами треба да се адаптираме.
Ете да речеме и таму може да влијае она,,чиви деца сме,, но има и дел кој зависи и лично од нас.
Нашиот став кон учителката,соучениците,знаењето.
Секако дека и условите за учење влијаат за нашето образование,но претежно пак грото зависи од нас самите.
Секогаш си бараме оправдување како ,,Којко;,ни е крив што нам не ни се учи,или пак си одбираме причина која ке ни биде мотивација за учење.
Значи пак изборот е наш.
Ајде ова е за кога сме деца.
Веке сме возрасни.
Да замислиме дека сме поминале низ сита и решета.
За ситата сами сме одлучувале а за решетата некој трет.
Кога велам дека за нашата среќа сме си сами и криви и заслужни,мислам,што ние сами ке одбереме за нас да претставува среќа,тоа и ке претставува.
Како ние ке си ја одредиме,,границата,,за нашите желби и потреби од нас зависи.
Човечки е да го сакаме невозможното,но да не оставаме тоа да ја одредува нашата среќа.
Е понекогаш не можеме да влијаеме врз нашето здравје.Или пак можеме,но сеуште не ја знаеме формулата.
Се препуштам на судбината,сопствените заслуги,одлуки,а околината ја сметам за сопствено место за адаптација.
Значи мојата среќа зависи од мене.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena