Брак, но не и развод!

За или против развод кога се има деца?

  • Вкупно гласале
    18
  • Poll closed .

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Прочитав само воведот на темата коментарите не ги читам, не ме ни интересираат. Сепак на темава не би сакал да развијам дискусија, едноставно само ќе го произнесам своето мислење.

Весна1992 ти си дете на разведени родители и ти е тешко. Наспроти тебе, јас бев дете, денес сум човек(маж) што никогаш не го видел својот татко. Израснав само со љубовта на самохраната мајка, и сестра ми. Што значи тука некаде сме со болката.

Сепак денес, како возрасен човек, и како татко сум за развод ако бракот не функционира.
Едно дете, ќе израсне во поздрава личност ако има разведени родители отколку да има родители којшто секојдневно ќе се:
караат;
тепаат;
изневеруваат.
Едно дете, и покрај празнината што ќе ја чувствува во себе секогаш ќе биде поздрава личност ако живее во мирен дом, а не во место каде што ќе се стекне со милион и една траума.
Не би рекла дека болката е тука некаде....
Едноставно ти си се навикнал на тој живот,никогаш не си го видел и тоа е тоа си се помирил со тоа..Второ кажуваш дека си ја имал само мајка ти тоа значи дека она не се премажувала Весна кажува дека он живее со очувот...
Тоа е многуу поголема болка кога од нормално семејство се се распаѓа па уште и тие се премажуваат живееш со човек која нема никаква врска со тебе..гледаш како тој го дели животот со мајка ти а си растел со тоа дека мајка ти и татко ти се заедно едноставно тоа е момент кога целиот свет ти се руши и сите замисли и идеали,буквално пресвртје а додека кај тебе е др...никогаш не си го имал и нема ни да го имаш...едноставно ја сваќаш ситуацијата таква каква што е уште од мали нозе.
Јас имав другарка која имаше многу среќно детство а одеднаш на мајка и и текна дека ке се мажела со некој си црнец сакала нешто ново...Вие не знаете низ какви моменти поминуваше девојчето.Со солзи зборуваше како порано на масата каде сите јаделе сега го делат имотот и ги делат децата (неа и сестра и) како предмети...Потоа мои комшии исто се разведоа и незнам друго ама знам дека девојчето нивно 3 дена после разводот имаше обид за самоубиство а машкото целосно се повлече од себе и од целиот тој стрес има сега проблеми со говорот.

Затоа пред да се створат децата МИСЛЕТЕ со кого го делите животот...Поради вас ќе уништите живот на ваши најмили
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Bum-Bum Не сакав да зборам за себе, затоа го прескокнав тој дел, но кога веќе ме влечеш за јазик.
Како може да е мала болка да не го видиш оној што те створил?
Ај замисли како ќе се чувствуваш ако си фрлена од татко ти? Ако не те прегрнал никогаш?
Замисли какво детство ќе имаш ако немаш кој да ти каже каде грешиш, и со кого да споделиш прво сексуално искуство.
Фала му на Бога што имав мајка каква што имав, па ме ислушуваше и прекоруваше како татко.
Но празнината во мене остана. Не одамна решив да го побарам и дојдов до телефонски број, ми кажа дека не сака да ме слушне, и дека има друг живот и други деца.
Така да не бидете не благодарни. Кога и двајцата родители ве сакаат, и се грижат за вас(колку и да се далеку) почитувај те го тоа, и не им се мешајте во животите. Не сакате да знаете како боли кога не те сака оној што те створил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Мојата најдобра другарка нема ни еден родител,живее во дом мајка и одамна знае каде е ама она е премажена и кога се гледа со неа еднаш во годината,а татко и после 18 години реши да го побара а он викаше дека она не постои и дека не ја познава ни мајка и .Бев со неа цело време и гледав како и е...И беше тешко не викам не но на другарката на која и се распадна животот затоа што тоа е распаѓање а вамо нема воопшто ни почнување па да се распадне..
Татко ми мој цел живот имал пролеми со родителите но како така гурале..Дошло време да се жени а они носат камиот и му викаат се што имаш во оваа соба ќе си земеш и за 24 часа да те нема..Вие знаете која болка е тоа..Да те остават родителите?
Он после една година оди сака да се смири се смируваат одиме сите после 5 месеци она не брка како кучиња на улица ...јас гледам и знам како се чуствауваат во овие ситуаци и моја проценка беше дека на оној на кој му се распаѓа веќе среќниот живот му е најтешко
 
Ти кажувам дека знам како е да те остават родителите :) Т.Е. Родителот, бидејќи мајка ми до смрт се грижеше за мене.
Сега се грижи, од небото.
Тешко е, знам, откако мајка ми останала бремена и нејзините ја избркале, и мене дедо ми ме има плукано - ги знам сите тие работи и знам дека е тешко.
Секако дека е најлесно да се живее фамилијарен живот, мајка - татко, и децата. Јасно, знам дека е најубаво во неделите да отидеш на ручек кај баба ти и дедо ти.
Но ете, се случува некогаш да се смени нормалниот тек на работите.
Не можеш да знаеш што ќе се случи со тек на времето кога влегуваш во брак.
Едноставно не можеш.
Доаѓаат работи, луѓето се менуваат, проблеми, смрт, што и да е. Некои луѓе ќе потклекнат пред проблемите некои ќе се соочат со нив.
Оние што ќе потклекнат ќе се наполнат со негативна енергија, агресија, ќе се фрлат на некој порок.
Потоа почнуваат тепања.
Кажи ми, тебе ќе ти се допаѓа секој ден да ја гледаш мајка ти претепана а татко ти мртов пијан?
Не, нема да ти се допаѓа, ќе сакаш да се разведат, ќе сакаш да си го спасиш едниот родител кога веќе другиот заминал по ѓаволите - ова зборувам за децата што имаат разум.
Потоа доаѓаат изневерувања. Тоа се луѓе со низок морал и стојам над тоа дека не треба да основаат семејство, но кога веќе основале треба да се наоѓа начин помалку да патат и двете страни.
Ти, си имала дечко? Си била изневерена? Можеш да останеш во врска и да простиш?
Знам, ќе речеш врска - брак не е исто.
Чувствата се исти драга моја. Пак боли да знаеш дека таа со која лежиш во кревет скокала на друг к пред 15 минути. Боли - и тука треба да се стави крај, за да можеш да бидеш нормален човек и нормален родител.
Ако ја потиснеш болката ќе се фрлиш на алкохол, ќе станеш агресивен, па ќе направиш децата да те мразат повеќе.
Затоа постои разводот - и двата на различни патови, ама со иста цел ДЕЦАТА да не гледаат тепачки, расправии и слично.

Јасно ми е и тоа дека треба да се оди по судови. Дека ги делат како да се бурми. Јасно ми е, и не викам дека на децата им е лесно - затоа што не им е.
Но само кога би биле малку по не себични, малку по разумни, би сфатиле дека на она што не функционира треба да се стави крај - така ќе биде најлесно за сите(најлесно ќе биде откако ќе помине цела фама, и откако детето ќе созрее).

Е сега, секако има деца кои никогаш не се ставаат на место на родителот. Обожаваат да бидат повредени гулабчиња и да не ги сфаќаат родителите.
Само, размислете, утре ден и вие ќе бидете родители.
Девојките ќе бидат мајки - би сакале вие вашето дете да гледа секој ден како некој ве малтретира?
Момците ќе бидат татковци - би сакале вие вашето дете да ве мрази затоа што сте правеле тортура дома?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and D.Kettering

Значи јас не зборувам за оние моменти како тепање и малтретирање..Тогаш го порджувам разводот целосно но пак ќе кажам пред да стапиш во брак треба да гледаш и мислиш со кој си имаш работа,пред да легнеш со некој и да имаш с треба да размислиш ,а не утре да бидне дете и оно да пати..За смрт на родителот нема ни да коментирам затоа што тука постојат 2 сосема различни работи.
Потоа јас зборев конкретно на темава Весне вика дека она имала нормален живот со родителите немало ни тепање ни малтретирање туку така одлучиле да се разведат.
Сега кога сме кај изневерувањето јас има кажано и во друга тема..Јас тоа не го сметам како работа за која би се поднел развод..Јас лично никогаш не би се развела од маж ми поради тоа.Изневерувањето и до некаде нормална работа после 20 години од брак имаш потреба од размена.Што мене ме интересира која на него му скокала до пред 15 мин..Ама ич не ми е гајле се до оној момент каде кај него би се створиле емоции за таа личност каде ќе видам дека веќе не ме гледа со тие очи.Секој човек има потреба од промена и оној с без обврски надвор од бракот не е ништо страшно ни лошо..Пак ќе кажам до одредена граница.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
@Сара13 Милион пати извини што те повикувам на темава, но мора да го кажеш своето мислење, како ДЕТЕ што никогаш не било себично, КАКО ДЕТЕ што реално знае да ги согледа работите.
И во оваа прилика јавно да ти искажам почит :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Значи јас не зборувам за оние моменти како тепање и малтретирање..Тогаш го порджувам разводот целосно но пак ќе кажам пред да стапиш во брак треба да гледаш и мислиш со кој си имаш работа,пред да легнеш со некој и да имаш с треба да размислиш ,а не утре да бидне дете и оно да пати..За смрт на родителот нема ни да коментирам затоа што тука постојат 2 сосема различни работи.
Потоа јас зборев конкретно на темава Весне вика дека она имала нормален живот со родителите немало ни тепање ни малтретирање туку така одлучиле да се разведат.
Сега кога сме кај изневерувањето јас има кажано и во друга тема..Јас тоа не го сметам како работа за која би се поднел развод..Јас лично никогаш не би се развела од маж ми поради тоа.Изневерувањето и до некаде нормална работа после 20 години од брак имаш потреба од размена.Што мене ме интересира која на него му скокала до пред 15 мин..Ама ич не ми е гајле се до оној момент каде кај него би се створиле емоции за таа личност каде ќе видам дека веќе не ме гледа со тие очи.Секој човек има потреба од промена и оној с без обврски надвор од бракот не е ништо страшно ни лошо..Пак ќе кажам до одредена граница.
:eek
Ти навистина мислиш дека еден брак ќе се заврши туку - така, ради што на некого му текнало?
На драгата наша Весна, само не и’ е кажана причината од страна на родителите - а не дека ја немало.
А за ова второво нема да ти коментирам.

Уствари дополнување:
Ќе коментирам!
Незнам за тебе, ама јас да дознам дека жена ми ме изневерува. И покрај тоа што ја сакам повеќе од себе, и покрај што децата си ги сакам како нешто најсвето, ќе се разведам.
И тоа не значи дека ќе престанам да си ги сакам децата.
И исто, ако дојде момент после 20 години да ми стане досадна и да ми бара тулето друго дунде - ќе се разведам.
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
:eek
Ти навистина мислиш дека еден брак ќе се заврши туку - така, ради што на некого му текнало?
На драгата наша Весна, само не и’ е кажана причината од страна на родителите - а не дека ја немало.
А за ова второво нема да ти коментирам.
Па причината која за мене е туку така е да речеме мајка и се заљубила во некој друг маж и несака повеќе да живее со татко и туку сака да живее со друг човек
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Па причината која за мене е туку така е да речеме мајка и се заљубила во некој друг маж и несака повеќе да живее со татко и туку сака да живее со друг човек
Љубовта не е непресушен извор.
Ако нема дожд ќе пресуши.
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Љубовта не е непресушен извор.
Ако нема дожд ќе пресуши.
Дождот може многу лесно да го нема..Обврски,живот,проблеми,деца...Но тоа не значи дека треба и љубовта да пресуши.