(Вистинска) Љубов, постои ли?

Дали постои љубов


  • Вкупно гласале
    42

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Вистнска љубов секако дека постои,но колку трае?
Да,може да биде бесконечна,и кога трае,но и доколку заврши пак може да е вистинска и бесконечна.
Некогаш вистинската љубов бара огромни жртвувања,некогаш е оневозможена од милион причини за кои што секогаш сме си самите виновни.
Изборот за се во животот е само наш,затоа неможе никој да ни е виновен.Ми се чини дека само за некои работи околу здравјето немаме избор.
Вистинска љубов постои,колку е по платонска,толку е по вистинска....или обратно?
Незнам,денеска ама баш за се сум во недвоумица,така ми се погоди денот.
Па така и за ова прашање,можеби постои вистинска љубов,но колку е таа навистина вистинска.
Сите љубови ни се чинат како вистински,се до моментот дури постои жарче заљубеност кон некоја личност.
Но што кога таа заљубеност исчезнува?Тогаш почнуваме од вистинска љубовта да ја нарекуваме не вистинска?
Секоја љубов на свој начин си е вистинска.Некоја повеке,некоја помалку.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Нема ништо бесконечно. Идеалот наречен Вистинска љубов е само некаков катализатор за пораст а подоцна и пропаст за истата врска.
Платонска љубов? Да тоа е онаа која после одредено време кога ќе те плесне реалноста дека се повредуваш сам, ти постанува најголемото разочарување. А се дознава во текот на животот.
Notebook филозофијата и да постои во реален живот, сепак во смртта завршува. После тоа кој попрво отиде, вториот оди на план Б. Да се зашитити себеси од тагата. По одредено време и адаптација, или и тој чукнува кај Св. Петар, или пронаоѓа друг. Ама пак после тоа умира.
Она што човек треба да се запраша е што е зашто би се нарекло вистинско, кога повторно секогаш постои избор? Како тоа човек избира една жена, со која би останал до крајот? Дали ќе му се дига на 26 годипни кога тој ќе има 46? Дали љубовта кога ќе прерасне во навика се смета за вистинска? Или пак што кога ќе прерасне - што е она што не` обврзува да останеме со тој партнер? Дали заштитничкото однесување кон децата би се нарекло вистинска љубов? Или пак допуштањето сами да ги откријат реалноста и болката на сопствениот живот? Премногу прашања нели? И премногу субјективни одговори пак не би го доловиле точниот одговор.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Јас само ке ја надополнам првата или последната реченица од Марија...

Тоа е врска во која што се расте заедно, не само духовно туку и друштвено,емоционално,умствено но и постојано безусловно се вложува во неа за да прерасне во она вистинското.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla and melpomena

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Дали љубовта кога ќе прерасне во навика се смета за вистинска? Или пак што кога ќе прерасне - што е она што не` обврзува да останеме со тој партнер?
А зошто мислиш дека вистинската љубов може да прерасне во навика?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А зошто мислиш дека вистинската љубов може да прерасне во навика?
Може. Мислам дека таа има своја метаморфоза, и може да се разграни или да се прешалта, или да исчезне. Рецимо еве се женам утре и имам неколку убави години со жената... Жена ми по некое време раѓа деца. Е сега, може повеќе сценарија да се појават после ова. Прво е поранешната жар се губи. Останува на мене да откривам ново или да продолжам по старо. Но во двата случаи се раѓа еве нова патека - сакам да ги однесам на правилен пат децата. После тоа одиме со прашањето - кој е правилниот пат за детето? Оној каде под будно око ќе го воспитувам детето или пак ќе му допуштам самото да го најде?
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не знам можеби дефиниција што е вистинска љубов ама дефинитивно знаеш што е кога ќе ја имаш покрај себе.
Или евентуално уште повеќе ќе знаеш ако ја изгубиш.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Е ме испровоциравте :gjavol
Додека сте мали, на мајка ви и викате „Мамо, Те сакам“. И ја сакате со сето свое срце и душа. И тука нема место за дискусија, затоа што навистина ја сакате, и најлошите работи на свет да и’ ги кажувате, пак во вас се крие чувство на љубов.
Поминуваат години, таа умира, вие се чуствувате дезориентирано без неа.
Тоа било поради навиката на неа?
НЕ, тоа било поради тоа што ви треба нејзината подршка, нејзината љубов, нејзината прегратка.
- ете еден доказ дека постои вистинската љубов.
Растете со текот на времето запознавате некого, му кажувате дека ви е се’, и буквално така чуствувате. Правите што се што е можно да бидете подолго со него. Ве смее од срце. Ве нервира до степен што ви доаѓа да го убиете. НАВИКНУВАТЕ на неговиот ритам, го терате и тој ДА СЕ НАВИКНЕ на вашиот. Почнувате да живеете заедно, станувате зависни еден од друг. Ако не се видите еднаш дневно скренувате. Како потреба ви е. Ви требаат бакнежи, телесна близина, ви треба се’ со него/неа.
Помислувате на разделбата(смрт) и колениците ви се тресат.
Потоа од таквиот однос се создава нов живот - дете, го гледате и исто колениците ви се тресат, од радост од убаво чуство ОД ВИСТИНСКА ЉУБОВ, од потреба да го заштитите и него и тој што ви го подарил него. Очите ви светат од волја да бидете со нив, да живеете со нив.
Им кажувате дека ги сакате најмногу на светот, дека без нив сте ништо, дека не можете да опстоите без нив(тоа и го мислите)
- и после доаѓате на Форум ве прашуваат дали постои вистинска љубов и вие филозофирате дека не, дека е само навика.
Ахам да... ви поверував :)
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
вистински да сакаш некоја и да не се откажеш без разлика на случувањата и дешафките однадвор..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Може. Мислам дека таа има своја метаморфоза, и може да се разграни или да се прешалта, или да исчезне. Рецимо еве се женам утре и имам неколку убави години со жената... Жена ми по некое време раѓа деца. Е сега, може повеќе сценарија да се појават после ова. Прво е поранешната жар се губи. Останува на мене да откривам ново или да продолжам по старо. Но во двата случаи се раѓа еве нова патека - сакам да ги однесам на правилен пат децата. После тоа одиме со прашањето - кој е правилниот пат за детето? Оној каде под будно око ќе го воспитувам детето или пак ќе му допуштам самото да го најде?
Аркантос над мене ми ги украде зборовите.
Вистина, првичната жар можеби се губи, т.е. заљубеноста, ама после тоа се доживува љубовта. Без очилата со шарен поглед. Не, кога љубовта е силна, не преминува во навика. Можеби се стекнува една рутина, како што Аркантос кажа, ама навика не.
Како да кажам дека ми е навика, кога мислам дали е добар кога го нема подолго време? Или пак ќе го спомнам Аркантос, кога ќе помислиш на смртта, или на живот без него, боли до солзи. Кога иднината ја гледаш со тој човек? Кога заедно ги дочекувате и брчките?
Можеби не си љубел така силно до сега.