Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Телема е филозофска школа и религиска матрица за прв пат објавена на светот со чист јазик во 1904 година со пишување на Книгата на законот (Liber AL vel Legis sub figura CCXX), примена од Aleister Crowley (1875-1947), диктирана од како што сведочат многумина, од Тајни мајстори, кои имаат ваква или онаква замисла за политиката, етиката и свеста кај мнозинството, кои дејствуваат макро, а не само микрокосмички, далеку несфатлива можеби, и навредлива за нас луѓето.
Законот се сумира во две фрази од книги:
* “Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон” (AL I: 40)
* “Љубовта е закон, љубов под волја” (AL I: 57).
Според мене, централната цел на телемитите е да ја откријат и вршат својата Вистинска Волја, кое обично е дефинирана како најскриената Природа или вистински тек на животот на поединецот. Техниките кои се користат за да се постигне оваа цел може да се стават под темата магика (не магија, туку МАГИКА), иако овде спаѓаат сите видови на јога (која е спротивна дијаметрално на магиката), филозофија, наука…
Постојат, исто така, силни политички, етички, естетски, и културните аспекти на Телемата. Иако не постои строго буквална доктрина во врска со овие прашања, Aleister Crowley напиша многу статии и есеи во врска со неговите идеи за правилното однесување на поединецот и за идеално Телемитско општество. Во овие есеи, кои не се напишани како закони, дека мора да е така, туку само одобрување, да се експериментира и да се најде Рамнотежата на самиот поединец. Ако поединецот е здрав, силен, психички и физички подготвен за борба во Универзумот( бидејќи целиот Универзум е непрекината битка на спротиставености) ќе имаме и здраво општество кое нема да ги крие неспособните кукавици кои не сакаат промени заради нивниот „непроменлив“ страв.
Овие идеи изнесени од Кроули продолжуваат да се развиваат во модерните наши времиња. Денеска , за разлика од тоа време.
Се е Дозволено, нема Грев! Но има последица!
Што и беше целта според мене на телемата.
Но, внимавајте. Законот не ве ослободува од последицата. Погледнете ја Liber Oz во која се дадени правата на Човекот!
Сепак, телемата ги удри темелите за основните теми вклучувајќи ги личната слобода, признавање дека мажите и жените имаат вродено божествена рамноправна природа, и дека Љубовта е основата на Големото Дело од која нема зошто да се срамиме!
Љубов е законот, љубов под Волја!
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
А што значи бројка 93 ?
93 е гематриска вредност на зборовите "Љубов" и "Волја". Во еврејскиот алфабет, секоја буква има бројна вредност, па така и зборовите кој ги формираат буквите имаат бројна вредност.
Од тука 93 93/93 буквално значи - "Љубовта е закон, Љубов под Волја".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bozle, Lena and parvati

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
93 е гематриска вредност на зборовите "Љубов" и "Волја". Во еврејскиот алфабет, секоја буква има бројна вредност, па така и зборовите кој ги формираат буквите имаат бројна вредност.
Од тука 93 93/93 буквално значи - "Љубовта е закон, Љубов под Волја".
Како делуваат следбениците на Телема во општеството?
Имаат нешто како мисија што треба да ја исполнат или можеби начин на живот поразличен од да речеме христијаните?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Како делуваат следбениците на Телема во општеството?
Имаат нешто како мисија што треба да ја исполнат или можеби начин на живот поразличен од да речеме христијаните?
Мисијата на Телемитот е да ја ја открие својата Вистинска - чиста Волја и да ја исполни - да живее според неа. Затоа и е кажано во Liber Al vel Legis - "Прави што ти е Волја, и тоа нека биде целиот Закон". Најпогрешно сватената реченица во историјата. Реченица која злонамерните луѓе се обидуваат да ја прикажат како "прави што сакаш". Овие две пораки неможат да бидат подијаметрално спротивни, бидејќи желбите, страстите и тековните потреби на индивидуата немаат ништо заедничко со неговата Вистинската Волја.
Liber Al I: 44 - " За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен."

Што се однесува до односите со општеството и останатите, правата и обврските на секој човек се опишани во Liber OZ:

1. Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.

2.Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.

3. Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја

4.Човекот има право да љуби како сака –
задоволете се во љубовта како сакате, кога и со кого ви е по волја. Al I.51

5.Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Од кого има право?
Да речеме дека ги следам овие закони и некој ми ги нарушува,на какво убиство се мисли?
На истото она на кое мислеле комитите, партизаните, револуционерите и многу други, кој тоа право го оствариле убивајќи ги оние што застанале на нивниот пат.
За нас нашата вистинска Волја е дел од Божјата а со тоа и еднаква на неа. Поради тоа, вистинската Волја на ниеден човек, не е во конфликт и не ја спречува Волјата на останатите. Доколку тоа не е случај, тогаш не се работи за Вистинска Волја.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сатанисти, убиваат...го слават Антон ЛаВеј и Алистер Кроули :D

Шала настрана, ама ова телемитството ми е многу тапа работа. Ај кажете ми што е разлика од ова до христијанството или исламот? Овде ги викаат гревови (демек ако направиш грев ќе те стигне кога тогаш), телемитите ги викаат последици, источњаците го викаат карма. Иста каша попара само повеќе каша помалку леб и обратно.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Сатанисти, убиваат...го слават Антон ЛаВеј и Алистер Кроули :D

Шала настрана, ама ова телемитството ми е многу тапа работа. Ај кажете ми што е разлика од ова до христијанството или исламот? Овде ги викаат гревови (демек ако направиш грев ќе те стигне кога тогаш), телемитите ги викаат последици, источњаците го викаат карма. Иста каша попара само повеќе каша помалку леб и обратно.
Разликата е што христијанството гревовите и искушенијата ги смета за нешто непотребно и зло, додека за нас тие се подеднакво потребни за духовниот раст. Токму затоа тешкотиите за Телемитот се предизвик, а не грев.
Така да воопшто не е "иста каша попара". ;)

Едно време бев заинтересиран и доста научив за кабалата, после извесен париод едноставно прекинав...вероватно немам никаква верба во истото.
Па верба не се ни бара воопшто во овој случај. "Методот на науката, целта на Религијата" е мотото на Телемата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arhangel Uril