ИДНИНАТА Е СЕГА!

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Денес е 01.01.0001 од новата ера според календарот на Маите , (инаку по грегоријански календар - 22.12.2012). Денес според Маите и според многу други луѓе (помеѓу кои филозофи и духовни свештеници), започнува нова доба, нов период, преродба. Различните теории за „крајот на светот“ на овој датум како удар на земјата од метеор, соларна бура, потоп и разни други, очекувано - паднаа во вода. Но сепак, стравот од апокалипса сѐ уште постои...
Иронично е тоа што најголемата опасност за крај на постоењето на човекот и животот на Земјата е создадена од самиот човек - нуклеарната енергија.
Официјално дури 9 големи светски сили поседуваат нуклеарно оружје - Русија, САД, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Северна Кореја, Израел и Пакистан. Ако се присетиме на ужасното сценарио од втората светска војна, во Хирошима и Нагасаки, тие нуклеарни бомби имале моќ од 10-20 килотони, додека денес деструктивната моќ на ова оружје е стотици пати поголема од тогаш.
Замислете само што би можело да ѝ се случи на планетава доколку настане детонација на само една таква нуклеарна бомба. Последиците би биле катастрофални, апокалиптични...

Човештвото полека станува свесно дека поседувањето на нуклеарно оружје претставува најстрашната закана за животот на планетава. Дури и најтврдокорните националисти знаат дека со активирање на нуклеарка во некоја „не-пријателска“ земја било каде на планетава директно или индиректно се загрозува здравјето и животот на нив самите и на нивните најблиски.
Но, кога 99% од нас - луѓето сме свесни за ова, зошто едноставно не се договориме да ја неутрализираме оваа деструктивна „сатанистичка“ сила и да ја остраниме опасноста? Зошто едноставно не го собереме и размонтираме сето нуклеарно оружје или евентуално да го лансираме во вселената? Треба да се запрашаме: Дали навистина имаме било каква потреба од нуклеарно, хемиско, биолошко па и од огнено оружје? Што добиваме со нивното производство и нивното поседување? Безбедност, сигурност? Размислете повторно!

Зошто да не ги пренамениме фабриките за оружје и муниција заедно со воените центри во фабрики и истражувачки центри кои ќе допринесат за напредок на технологијата, општеството и развојот на човештвото? Зошто не им се спротиставуваме на безмилосните фармацевтски и прехрамбени гигантски коорпорации кои наместо лекови и храна ни „донираат“ и продаваат смртоносни вируси, зарази, отрови и генетски модифицирана (ГМО) храна, која предизвикува болести и стерилност?
Потребни се големи промени, промени чие време допрва доаѓа. Промени со чија помош ќе се решат многу проблеми, (како недостигот од чиста вода и храна во земјите од третиот свет, големата смртност од излечливи болести), промени со чија помош ќе се надминат најголемите разлики и нетрпеливости меѓу луѓето во светот кои само така ќе се зближат и ќе почнат повторно да си веруваат еден на друг, независно од нивната националност или вероисповед, промени кои ќе продолжат да ја усовршуваат технологијата која ќе се користи за вистински цели и ќе ги олесни и подобри нашите животите.
Навистина, зошто да не изградиме нов општествен систем, ново уредување, кое ќе биде многу поправедно, помирољубиво, похумано, општество - кое за разлика од сегашното, ќе се грижи за луѓето, општество со високи морални вредности, општество во кое ќе ги учиме нашите деца како да креираат, како да се почитуваат и да се сакаат едни со други, како да споделуваат храна и материјални добра, а не како да уништуваат, како да крадат, како да се тепаат и повредуваат, како да убиваат...
Ве молам, да не ги учиме нашите деца за насилството и војните кои се одвивале во минатото, да не создаваме од нив националисти, патриоти и „човекомразачи“, затоа што човек кој ги мрази другите - се мрази и сам себе си, а тоа води кон сигурен индивидуален и колективен пропаст. Треба да бидеме насочени кон иднината, а не кон минатото, не треба да се навраќаме на тоа од вчера, треба да заборавиме, да простиме.
Навистина нема потреба да им лепиме национални или верски етикети на нашите деца веднаш по нивното раѓање, не е праведно и не е фер да ги одделуваме од нивната права природа, од единството со сите луѓе, единството со целиот живот на планетата Земја, единството со универзумот... Сепак, сите потекнуваме од иста ѕвезда, од иста материја, сите сме создадени од иста енергија.
Традицијата, навиките и обичаи се менуваат со самата еволуција на човекот. Тие не се имуни на временскиот тек, константно се менувале во минатото, па зошто да не се променат и денес?
Зошто да живееме во страв, болест, недостаток, тага, омраза и мизерија (кои несвесно сами си ги создаваме), кога можеме да живееме во љубов, изобилство, разбирање, мир, единство, хармонија и радост? Зошто да сонуваме за рајот, кога истиот можеме многу лесно да го имаме овде, на Земјата?
Изборот е наш, иднината е во нашите раце...
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Ајде сите да се сакаме, гив пис а ченс... (facepalm)

Купишта идеализирани пацифистички глупости, комплетно неприменливи во реалноста. И јас би сакал да ја видам оваа промена, ама барем јас објективно гледам на работите. И немојте со тоа "биди промената која сакаш да ја видиш во светот" зошто една ластовичка не ја чини пролетта.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.

Зошто неприменливи?? Секој ако малку е свесен за своите постапки може да го предизвика ефектот на позитивните екстерналии. А на твојата поговорка ќе возвратам со ,, Ливче до ливче - ете ти цвет, човек до човек - ете ти свет".
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Зошто неприменливи?? Секој ако малку е свесен за своите постапки може да го предизвика ефектот на позитивните екстерналии. А на твојата поговорка ќе возвратам со ,, Ливче до ливче - ете ти цвет, човек до човек - ете ти свет".
Кажи му го ова на човек на кој му текнало да те силува, онака, од к*р ќејф.

Види, во суштина многу е едноставно. Ако ти дојде некој дома со кујнски нож во рака, дали ќе почнеш да му ја пееш Гив пис а ченс и Имеџин од Ленон или само ќе го репетираш пиштолот и ќе му ја разнесеш главата? Нема "ако е вака ако е така" во вистинскиот живот.

Ете ти пацифистите, имаа марш на мирот годинава и не помина ни месец дена убија четири деца. Еден од нив ми беше генерација во средно.

Нема ништо посмешно од такви личности, како да живеат во паралелен универзум.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Кажи му го ова на човек на кој му текнало да те силува, онака, од к*р ќејф.

Види, во суштина многу е едноставно. Ако ти дојде некој дома со кујнски нож во рака, дали ќе почнеш да му ја пееш Гив пис а ченс и Имеџин од Ленон или само ќе го репетираш пиштолот и ќе му ја разнесеш главата? Нема "ако е вака ако е така" во вистинскиот живот.

Ете ти пацифистите, имаа марш на мирот годинава и не помина ни месец дена убија четири деца. Еден од нив ми беше генерација во средно.

Нема ништо посмешно од такви личности, како да живеат во паралелен универзум.

Не збориме за девијантни појави, туку за нормалната маса врз која фрлаш песимизам. Не ти е потребен марш и други такви циркузи за да станеш потолерантен човек. Напротив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ikac

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Не збориме за девијантни појави, туку за нормалната маса врз која фрлаш песимизам. Не ти е потребен марш и други такви циркузи за да станеш потолерантен човек. Напротив.
Девијантни појави кои станаа секојдневие.

Ме интересира, ако си поборник на идејава за глобален мир - како би делувала? Како би направила еден копук што тепа по автобуси потолерантен? Како би натерала муџахедин да го фрли детонаторот?

Не зезај, факт е дека огромна маса на луѓе низ светов не е способна за било каква толеранција а како што викаат - со инка не се тура.

Едноставно е, војни и крвопролевања имало и ќе има.

Погледни што има да каже легендарниот комичар околу ваквото однесување.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Девијантни појави кои станаа секојдневие.

Ме интересира, ако си поборник на идејава за глобален мир - како би делувала? Како би направила еден копук што тепа по автобуси потолерантен? Како би натерала муџахедин да го фрли детонаторот?

Не зезај, факт е дека огромна маса на луѓе низ светов не е способна за било каква толеранција а како што викаат - со инка не се турва.

Едноставно е, војни и крвопролевања имало и ќе има.

Погледни што има да каже легендарниот комичар околу ваквото однесување.
Го имам гледано. Очигледно не навлегуваш во суштината на моите зборови. Се е до самиот човек. Зборам за развивање на самосвест. Делувањето врз него веќе е атак. И пак ќе ти кажам, сите твои набројуванки се екстремни случаеви. Ваљда не секој крши,тепа, силува и се разнесува, зарем не?

А за болдот - Точно, на жалост. Поради слабата ментална развиесност или замаеност. Дали мислиш дека еден нормален човек место да живее среќен живот исполнет со пријатели,фамилија отколку да се разнесува? :rolleyes:
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Го имам гледано. Очигледно не навлегуваш во суштината на моите зборови. Се е до самиот човек. Зборам за развивање на самосвест. Делувањето врз него веќе е атак. И пак ќе ти кажам, сите твои набројуванки се екстремни случаеви. Ваљда не секој крши,тепа, силува и се разнесува, зарем не?

А за болдот - Точно, на жалост. Поради слабата ментална развиесност или замаеност. Дали мислиш дека еден нормален човек место да живее среќен живот исполнет со пријатели,фамилија отколку да се разнесува? :rolleyes:
Јас убаво те разбрав, сега пробај разбери ме ти...

Од една страна, тврдиш дека делувањето врз друга личност е атак и во право си, од друга страна сфати дека ТОЈ не го разбира тоа и никогаш нема да го разбере. И кога ќе видиш колку такви луѓе има низ светов - како побогу ќе градиш мир?

Какви екстремни случаеви девојко, кај живееш ти? Тепањата по автобуси се секојдневие во Скопје... во втора средно ќе се степав со албанци само зошто сум атеист, во прва ми се пуштија скинери зошто не сум македонец. Се тепаат и се колат низ цел свет за банални причини... жалам ама далеку се екстремни случаеви, секојдневие се.
 
Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Јас убаво те разбрав, сега пробај разбери ме ти...

Од една страна, тврдиш дека делувањето врз друга личност е атак и во право си, од друга страна сфати дека ТОЈ не го разбира тоа и никогаш нема да го разбере. И кога ќе видиш колку такви луѓе има низ светов - како побогу ќе градиш мир?

Какви екстремни случаеви девојко, кај живееш ти? Тепањата по автобуси се секојдневие во Скопје... во втора средно ќе се степав со албанци само зошто сум атеист, во прва ми се пуштија скинери зошто не сум македонец. Се тепаат и се колат низ цел свет за банални причини... жалам ама далеку се екстремни случаеви, секојдневие се.

Па сум била и нападната и ограбена и се со ред. Тоа не ме спречило да ја гледам надежта во другите луѓе и нема да ме спречи. Да, живеам во Скопје, градот каде што ќе ти е страв да си одиш сам/а накај дома, каде што манијаци, и психопати демнат на секој чекор, каде што народот е отруен од национализам каде што не можеш да се декларираш како атеист,верник,македонец, албанец, ром, стрејт,геј,фенсер, хипстер, рапер, билдер, к***а, дебел, висок, провинцијалец, богат, сиромашен без да бидеш исплукан, истепан, навреден. Да токму во тоа Скопје. Тоа не го менува фактот дека иако сум јас верник ти атеист, или сме различна националност јас нема да те сметам за човек. Не за џабе мирот потекнува пред се' од внатре. Поентата на целиот муабет ми е самосвеста. Која се гради исклучиво преку пример. Тереза, Ганди, Мандела, Маслоу, Пол, Паркс, Морејн. Тоа е позитивна екстерналија, пример. Верувам во таквите луѓе, и верувам во промената на подобро.
 
Ама проблемот не сме јас и ти. Проблемот се ТИЕ. Нетолератните луѓе кои не можеш да ги промениш...

Зошто гледам дека дискусијава не оди никаде, за крај ќе кажам дека живееме во свет на плурални вистини. Имаш мал милион групи (да не ги набројувам) со различни идеали и сфаќања од кои буквално сите сметаат дека само нивното гледиште е она исправното, вистинското. Тие групи никогаш не толерирале и нема да се научат на толеранција баш поради тоа што го кажав во болдот. Додади ги овде и оние со пореметен ум што не припаѓаат на ниедна група и ќе разбереш зошто пацифистите ми се смешни.

Во ред е, биди си ти оптимистична, твое право... претходно ме нарече песимист, тука би те поправил, не се сметам за песимист туку за реалист, кога гледам во која насока се движи човештвото навистина не можам да изнесам поинаков заклучок. Поздрав.