Себичност

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Јасно како ден, себичноста во очите на луѓето е една од многуте негативни особини кои еден човек може да ги поседува... но...
Дали себичноста навистина е негативна? Зошто на општо прифатената идеа за совршена личност не и припаѓа и оваа особина? Зарем не е себично од наша страна кога бараме од другите да не бидат себични?
Како ја разбираме себичноста?

Мајка ми на ова би кажала "па не живееш сама, не смееш да си дозволиш да бидеш себична кога живееш во заедница"
Живеам во заедница, но дали како член на заедницата треба себеси да се дефинирам како заедница. Дали потребите и желбите на луѓето кои ме опкружуваат треба да бидат и лично мои? Дали потребите и желбите на лугето во мојата блиска околина треба да бидат побитни за мене одколку моите потреби и желби?

Себична ли сум кога дејствувам во своја полза без разлика на тоа што мислат останатите?
Себична ли сум кога помеѓу себеси и другиот се избирам себе?
Дали сум себична кога се борам за нештата што ги сакам, а тоа не им се допаѓа на другите? Зошто некој би имал против мојата среќа? Зошто некој би имал против тоа да мислам прво за себе? Зарем не е себично некој да бара од мене да не бидам себична? ...

Што ме натера да го напишам ова?
Тоа што сеуште го живеам оној период од животот кога еден млад човек се гради себеси како личност,а
неодамна свртев нова страница од животот, почнувам одново од нула со надеж дека никогаш нема да ги заборавам сите добро научени животни лекции.
Една од многуте животни лекции која имав можност повеќе пати дебело да ја простудирам е онаа за мегусебните човекови односи во која се раскажува за (не)довербата, (не)искреноста, (не)себичноста, (не)лојалноста и така натаму.
Она што го извлеков како поука е следново-
Дека никој на светот не треба да ми биде поважен од самата себе.
Дека никогаш поради интересите на друѓите луѓе не треба да ги запоставам своите интереси.
Дека никогаш поради соништата на другите луге не треба да ги отфрлам своите.
Дека никогаш поради среќата на другите луѓе не треба да се откажам од сопствената среќа.
...
И што? Уште на самиот почеток се соочив со критика од типот - тоа е себично од твоја страна!
Што е себично од моја страна? Тоа што се трудам да си го средам животот, а притоа не помислив на тоа дали тебе ти одговара?
Тоа што сакам да бидам среќна, а притоа не те прашувам дали нештата кои ме усреќуваат мене те усреќуваат и тебе?
Кои сте вие, сите вие кои ме критикувате поради мојата себичност? Зарем не е уште посебично од ваша страна да барате да живеам како што вие сакате?
Ама да, заборавив... се извинувам... Јас живеам во заедница и не треба да мислам на себе, туку на НАС!

Па добро бре луѓе, како поинаку да си го најдам своето место на овој свет? Ако мојата себичност не ви одговара, тогаш дај барем вие бидете несебични спрема мене и вие средете ми го животот. Одговара така? Или и тоа е себично од моја страна?

Оставете ме да бидам себична! Сакам да сум себична! Ми треба да сум себична!
А кога поради мојата себичност конечно ќе можам да кажам дека сум среќна, тогаш и вие радувајте се на мојата среќа и бидете среќни поради мене, па нели во заедница кога еден е среќен и друѓите треба да се:)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Она што го извлеков како поука е следново-
Дека никој на светот не треба да ми биде поважен од самата себе.
Дека никогаш поради интересите на друѓите луѓе не треба да ги запоставам своите интереси.
Дека никогаш поради соништата на другите луге не треба да ги отфрлам своите.
Дека никогаш поради среќата на другите луѓе не треба да се откажам од сопствената среќа.
...
Биди сигурна дека некогаш понатака ќе сфатиш дека „Никогаш“ всушност и не е НИКОГАШ! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Однекаде ја најдов оваа приказна и е доста стара.Претпоставувам е кинеска и иде некако вака:

"Некоја севишна сила одредила кога луѓето ќе умрат да идат во некоја соба и да можат да се хранат со што сакаат до бескрај со разни деликатеси.Постоело правило од кога ќе се нахраниш после можеш да уживаш во разни работи,да легачиш,да уживаш со жени и така натака.И така секој ден така.Единствено правило било да јадат и да се хранат со стап од два метри.Себичните луѓе не можеле никогаш да уживаат зашто нивната себичност ги тера да се нахранат самите ама проблем им е стапот од два метра.Великодушните луѓе со стапот им подавале на другите да се најадат и така се хранеле едни со други взаемно...."

Toa беше приказната.....

Идеме на муабетот:)

Сите знаеме дека ЕГОТО е составен дел од нас и тоа треба да ни помогне и да не "мотивира" на сопствениот развој и напредок во животот арно ама луѓето тоа его малку го "преправиле" и како такво тоа его постана негативен дел,кои нас луѓето како што се нарекуваме (најсовршени,најпаметни,најубави,највредни суштества) го ставаме испред се.

Секако без обзир што тоа его ќе им направи на другите околу нас.
Тоа е егото кое го нарекуваме "себичност"
Себичните луѓе не се во можност да сакаат никого освен ако тој не им носи некаква корист или задоволство кои тие го интерпетираат како љубов.
Уствари тоа нешто што навидум изгледа како "љубов" према себе е чиста себичност ,осет на задоволство и самоуживање.
Себичните луѓе се секогаш "нај" а сите останати околу нив имаат само една улога,а таа улога е да им пружаат задоволство.

Секако дека сите сме во некоја мера себични,некој повеќе,некој помалце,а некој патолошки себичен...
Дали да се биде себичен или не?
Или можеби да помагаме на другите и да не очекуваме ништо од таа личност за возврат.
Ама секогаш стои онаа народната добриот и улавиот се на исто дереџе.

Којзнае можеби во некоја рака и подобро е да си себичен, и некогаш помислиш прво на себеси.

Да бидеш себичен или алтруистичен прашање е сега...?
Дали е најдобро можеби да се најде некоја рамнотежа измеѓу двете работи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and parvati

Приказната не ми штима баш, затоа што и тие луге кои ги хранеле другите со помош на својот стап, го правеле тоа за да добијат за возврат. Најверојатно најпрвин сите пробале да јадат сами, па кога виделе дека не можат така пронашле начин кој на повеќето им одговара. Зошто? Затоа што само на тој начин ке се нахранат, а не затоа што им било поважно другите да бидат нахранети :)
Во секој случај поентата е разбирлива.
На сите ни е познато дека во секое хумано дело се крие доза себичност. Причините се секогаш себични без разлика на тоа дали сакаме да признаеме или не.
Ајде малку од поинаков аспект... ќе пишувам во прво лице за да биде поедноставно и поразбирливо

Јас сум одговорна за самата себе!
Само јас сум одговорна за себе и никој друг!
Јас сум одговорна само за себе и за никој друг!

Секоја моја постапка, секој мој избор ми го менува животот.
За секоја моја постапка и за секој мој избор сносам одговорност.
Секоја моја постапка и секој мој избор го менуваат животот на луѓето околу мене.

Дали јас сум одговорна за промените во животот на луѓето како последица на моите постапки и мојот направен избор имајки предвид дека истите тие луѓе некогаш избрале да бидат во било какви односи со мене?

Ако јас несебично се откажам од личните придобивки со цел да дејствувам во полза на другиот, на кого ке припадне одговорноста за мојата загуба?
Другиот бара од мене да се откажам од личните придобивки во негова полза, а јас не се согласувам. Кој е себичниот во случајот?
Другиот ме осудува поради мојот избор да не се откажам од своите лични придобивки во негова полза. Повторно - кој е себичниот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Шаманите од древно мексико кои потекнуваат од стара цивилизација наречени толтеки, имаат една поделба за луѓето кои драстично може да ти го смени хоризонтот. Поделба за која јас лично верувам дека е валидна, но не мора да значи.
Поделбата гласи: Луѓето се делат на само две категории, едната категорија се луѓе кои не им е грижа за останатите луѓе и не бараат да им биде возвратено за секое добро дело што ќе го направат. Таквиот тип на луѓе се најголемите помагачи, хуманитарци, луѓе што би си ја соблекле сопствената кошула за да ја дадат на некој со поголема потреба.
Вториот тип на луѓе се луѓе кои се длабоко заентересирани за останатите, дури се плашат да не ги повредат со нивните помагачки постапки, дури и да видат некој со некаква потреба тие буквално не знаат што да направат, зошто ако се замешат или помогнат во некоја ситуација изходот би можел да биде негативен за другото лице. Заради тоа не се осудуваат да пружат рака. Таквиот тип на луѓе им е грижа за останатите луѓе и кога би му помогнеле на некого си бараат тоа да им биде вратено некако или признаено. Парадоксално нели?
Па прашањето до тебе ми е во која група на луѓе би се поставила?
Јас мислам дека припаѓаш во втората група на луѓе. Со тоа што плодовите ги собираш но не ги делиш соодветно не си човек кој би одстапил од своите интереси за сметка на среќата на другиот човек соодветно ти си човек кој се грижи за останатите луѓе и премногу ти значат, со што се чуствуваш одговорна за неуспехот на останатите луѓе.
А кога би го раздробиле ова :):
Луѓето своето задоволство и среќа го црпат од различни извори. Сека не секој ги знае сите местата на извори, туку ги знае само неколку кои му се познати и оди да ги полни стомните само од тие места. Соодветно има луѓе кои одат на други места и се раѓа конфликтот за тоа која вода било по свежа, по чиста или подобра за пиење.
А не се свесни дека водата е иста во двата извори. Има пак други кои бушат или копат подлабоко во земјата и ќе се измачат да стигнат до минерлна вода, но тој што си нашол бунар, ќе му се изнасмее и ќе го осуди за глупоста што потрошил толку време и енергија за да стигне до таа минерлна вода. Но не секој го знае вкусот на таа минерлна вода и не можат луѓето да разберат дека за некои луѓе минерлната вода е повкусна и поценета од обичната. А ако пак се запознаени со вкусот на минерлната вода тогаш се само љубоморни и по афтоматизам се стават на ignore :D . Така да ич да не му се секираш од кој извор пиеш, под услов намерно да не им ги загадуваш изворите на другите луѓе;) .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, MoonFairy and malo

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Себична ли сум кога дејствувам во своја полза без разлика на тоа што мислат останатите?
Себична ли сум кога помеѓу себеси и другиот се избирам себе?
Дали сум себична кога се борам за нештата што ги сакам, а тоа не им се допаѓа на другите? Зошто некој би имал против мојата среќа? Зошто некој би имал против тоа да мислам прво за себе? Зарем не е себично некој да бара од мене да не бидам себична? ...

себична сум и убоо ми е :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Mislam deka da si potpolno sebicen...ona skroz sebicen pa i ne e nekoja pozitivna osobina...zasto na krajot na kraevite site begaat od takvi luge..i na kraj ke ostanes sam...a ne znam kolku toa bi ti godelo osven ako toa ne ti e prvicnata cel...poznavam mnogu sebicni luge od koi nekolku mi bile stvarno bliski ama izbegav od niv so trcanje...ednostavno nikoj covek ne ostrov sama za sebe sepak ti trebaat i drugi luge vo zivotot pa nemozes da si totalno sebicen...vo odredena granica da..treba sekoj da si stavi na prvo mesto no ne sekogas i ne po sekoja cena...zasto mozes taka mnogu da izgubis...
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Сите сме по малку себични и тоа е сосема нормално се додека сме свесни дека тоа е умерено . Секој мора да биде себичен по малку , така на некој начин се заштитуваш од некои надворешни работи и делуваш превентивно во случај некој да се обиде да ја искористи твојата дарежливост или пријателство било што. Е сега кога таа себичност ќе премине одредени граници тогаш станува сериозно и најчесто тие луѓе најбрзо ги губат пријателите бидејќи што значи пријателството ако не дарежливост , делење и уживање во одредени благодети. Под пријателство го ставам и она со домашните и другарите и партнерот оти ако го нема нема ништо да има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Едно ми остана во мисла......
Она што го извлеков како поука е следново-
Дека никој на светот не треба да ми биде поважен од самата себе.
Дека никогаш поради интересите на друѓите луѓе не треба да ги запоставам своите интереси.
Дека никогаш поради соништата на другите луге не треба да ги отфрлам своите.
Дека никогаш поради среќата на другите луѓе не треба да се откажам од сопствената среќа.
...
Аватарот ти е Мало па ќе претпоставам дека си уште мало а и по текстот ми изгледа дека сеуште се пронаоѓаш во светот, што значи дека живееш со твоите и они те изнервирале. И за таа заедница за која зборуваш е баш таа.
Прво - Чувај го негде текстов и прочитај го пак едно 2-3 месеци откако ќе имаш твое дете.
Второ - Тоа што го осеќаш го разбирам и повеќе од доволно и знам како ти изгледа сега светот. Се е миновно па така и оваа лутина...
Трето - Никогаш не кажувај на глас работи за кои подоцна ќе зажалиш што си ги кажала. Моја препорака во афект пишувај повеќе вакви колумни а кога ќе се смириш разговарај со сите.
Четврто (и според мене најважно) - Кога ќе создадеш твоја заедница се што цитирав ќе ти се случи со префиксот секогаш наместо никогаш и она првото ќе биде еден наместо никој.
П.С. Чекам нови мисли, ми се чини дека имаш многу да споделиш со нас.