Ислам

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Аллах е арапско име за БОГ.
Наше би било БОГ.
Англиско GOD.

Колку за споредба кога некои разкрстуваат различни божества. Имено, во однос на Илсамот, со христијанството и другите религии,мора да напоменам,дека не станува збор за нова, посебна религија,туку како Апдејт, на претходната, според верувањата за испраќањето на божји пратеници на земјата.
Така да, ако Мојсеј бил еврејски пророк, кој ги ставил темелите на монотеизмот во нивната религија - Јудаизмот, Кај христијаните тоа е Исус христос. Евреите не го признаваат Христос, но ги признаваат претходните пратеници, А христијаните ги признаваат сите претходни пратеници + Исус, а не го признаваат Мухамед. Муслиманите, ги признаваат и почитуваат сите претходни пратеници,вклучувајќи го Мухамед, како последен божји пратеник.

Тоа е разликата меѓу поделбите на народот. Сите се молат на исти БОГ, водат (скоро) сличен режим, само се поделени на различни “партии“.

Не можеле да признаат нешто што не било случено. Во време на Мојсеј никој не знаел дека ќе постои Исус и дека ќе дојде нов пратеник па за да го признаат, па така нивното верување не го вклучува и верувањето во Исус како и во Мухамед. Исто како што и Христијанството во своето настанување не можело да предвиди за доаѓањето на пророкот Мухамед па за да го признаат и да веруваат во него. Тоа што исламот е најнова религија, и со тоа што имало во тоа време податоци за постоење на предходните пратеници, затоа ги признава истите.
Сите пратеници се пратени од 1 Бог. Сите проповедале исти работи , исти столбови. Е сега што луѓето ја користат религијата односно ја злоупотребуваат за се поголема поделба помеѓу народите тоа е вина само наша, а не на духовноста и на верата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Хепи Амди Бајрам на сфи муслимани : )
ама паричка нема да ви се падне на никога :p a и гра најубаф на сфет нема да едете heehhe
за јајца да не праимо муабет, hhh шала на страну нека ви е среќан празник : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Христијанка или не, мене и исламот ми е подеднакво фасцинантна религија. Енивејс.... Нека им е честит празникот, уште многу години да си го слават. И најубава баклава да прават :gladen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: scarstone

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
396334_359782890783356_595103454_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD and Gemini

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Интересна религија ми е исламот. Имаат некои интереснички обичаи и култури.
Инаку кај нас има една џамија наречена Крст Џамија бидејќи има најгоре Крст..
29716355.jpg
МИТОТ И ЛЕГЕНДАТА ЗА КРСТ-ЏАМИЈА ВО ОХРИД
На местото каде што се сечат улиците Седми ноември и Марко Несторовски во Охрид, стои џамија, која кај народот, меѓу охриѓани, е позната како Крст-џамија. Тоа име се употребува за муслиманскиот верски објект, но и за овој дел од градот. Тоа се одомаќинило меѓу луѓето, меѓутоа малкумина знаат зошто токму тоа име се употребува за самата џамија, а со тоа и за населбата. Охриѓаните од турско етничко потекло ја знаат како Хаџи-Дургут џамија, по името на човекот што ја подигнал.

2422889011_236fdf866d.jpg

Во стручната јавност, барем од она што може да се дознае, не се правени никакви истражувања за тоа од каде, посебно кај македонското население во градот, оваа џамија е позната под такво име. Во Заводот и музеј во Охрид, стручњаците што ја познаваат верската проблематика, посебно историјата на верските објекти во Охридско, речиси едногласно велат дека нема пишувани документи од каде дошло името на џамијата. Нивна претпоставка е дека на тоа место, до првите години од 16 век, постоела православна христијанска црква "Света Недела". Во тој период, на нејзино место била изградена џамијата што сега е позната како Крст-џамија.
Сепак, постарите охриѓани, но и некои овдешни историчари на уметноста, без да претендираат на точност, се повикуваат на една легенда што неколку века се пренесува меѓу македонското христијанско население. Според оваа легенда, кога тогашната османлиска власт или самиот Хаџи-Дургут почнале да ја градат џамијата, се се одвивало според планот, меѓутоа кога почнало да се гради минарето, завршниот дел на верскиот објект, тоа, од необјасниви причини, се уривало. Тоа, според оваа легенда, се случувало неколку пати, додека некој од градителите не се сетил дека на врвот од џамијата треба да се врати христијанскиот крст. Градителите тоа го направиле, го ставиле крстот на минарето, а тоа повеќе не се рушело, вели легендата што живее меѓу охриѓани.
Во потрагата по вистината за потеклото на името на Крст-џамија, имавме можност да разговараме со повеќемина охриѓани од турско етничко потекло. Тие знаеја некои верзии, но сите не упатуваа да се консултираме со Абдулхак Сали, кустос-етнолог во Заводот и музеј во Охрид, сега пензионер.
Овој витален постар господин, без двоумење се одзва на нашата молба за разговор, независно од тоа што во овие времиња, полни со етнички набои, некои охриѓани ни велеа дека оваа тема треба да се остави, да не се гиба, нека остане онака како што било досега. Ова му го посочивме и на господин Сали, на што тој одговори: "Во поранешна Југославија, како кустос-етнолог во Завод и музеј во Охрид, бев повикуван на многу семинари каде што имаше стручни полемики за повеќе прашања од етнологијата, историјата на народите што живееја во таа држава. Уште тогаш, во седумдесеттите години, судирите во гледиштата меѓу хрватските и српските етнолози и историчари не се криеја. Во една пригода, едните на другите си велеа: "Овој е наш", мислејќи дека ќе застанам на некоја страна. Јас секогаш им одговарав: "Јас сум само свој".
zura13.jpg

"Хаџи-Дургут џамијата во Охрид, според некои неофицијални сознанија, е градена во првите години од 16 век. Ја знам и легендата што кружи меѓу православното македонско население во Охрид. Јас во тоа не би навлегувал, но ќе ви кажам што имам јас слушано од постарите за тоа како на еден дел од минарето постои предмет кој личи на крст. Во нашите преданија се говори дека во последната деценија од 19 век, токму кај Хаџи-Дургут џамијата имало турска свадба. За време на веселбата, еден турски ага, чие име не се споменува, ја зел својата кубура и испукал во правец на џамијата. Тој немал намера да ја оштети џамијата, но во тој момент нешто го натерало да пука. Испуканото зрно од кубурата ја погодило sвездата на врвот од минарето, но не ја откорнало целата, туку само еден нејзин дел. Токму тој дел што сега стои личи на крст, па, најверојатно, според ова обележје го добила името Крст-џамија кај дел од овдешното население. Така говорат преданијата што се пренесуваат", вели Абдулхак Сали.
Господинот Абдулхак Сали, кој во поранешната заедничка држава имал и највисоки функции во тогашната Исламска верска заедница, а и после тоа, е трпелив и толерантен човек. Пали цигара по цигара, но не од нервоза, туку од задоволство. Во паузата меѓу двете вовлекувања на тутунскиот чад се сеќава на убавите времиња кога меѓу луѓето во Охрид имало голема човечка толеранција, не само меѓуетничка туку обична, човечка. Ни посочува еден пример кој е актуелен и денес. "На околу стотина метри од џамијата за која зборуваме, во близина на сегашното осумгодишно училиште, се наоѓа гробот на, народно речено, Агбаба. Се знае дека бил роден во Охрид, тука живеел и тука бил закопан. Им правел големи добрини на луѓето, без разлика на нивната верска или национална припадност. Токму на неговиот гроб и денес и православните Македонци, и други христијани, и турските верници фрлаат пари за здравје, среќа, за љубов", објаснува Абдулхак Сали.

Вистината е следна дека таја никогаш не била Џамија пред тоа туку дека била црква Св Недела која турците ја направиле во Џамија исто како што предходно била Св софија и горе кај имаретот на кале исто црковен објект е преправен во џамија. традиција било кај турците на светите места од христијаните да градат Џамии. по тоа се единствени турците за разлика од другиот исламски свет. Дури Саладин војувал во светата земја со крстоносците ни една цркава не била уништена ниту преправена во Џамија.
А тоа Што рекол оџата е чиста глупост и ништо друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Нека верува секој во што сака, ама ова е дефинитивно многу заостаната религија. Највеќе мене што ми пречи е стенкањето на оџата поготово во раните утрински часови...треба да се ограничи звукот само тие да го слушаат, а не цело Скопје да неможе да заспие. Срамота доаѓаат луѓе од страна незнаат дали се во Техеран или во Скопје. почнавме да личиме на либиска џамахирија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner and parvati

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Нека верува секој во што сака, ама ова е дефинитивно многу заостаната религија. Највеќе мене што ми пречи е стенкањето на оџата поготово во раните утрински часови...треба да се ограничи звукот само тие да го слушаат, а не цело Скопје да неможе да заспие. Срамота доаѓаат луѓе од страна незнаат дали се во Техеран или во Скопје. почнавме да личиме на либиска џамахирија.
Не можеш така да кажеш,сепак и камбаните на црквите никој не ги ограничил колку гласно да тропаат
 

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Не можеш така да кажеш,сепак и камбаните на црквите никој не ги ограничил колку гласно да тропаат
Хах....ма немој, никој не ги ограничил црквите, на 100 метри од мене има црква, не сум слушнал камбана непамтам од кога, низ градов тешко дека ке слушнеш камбана во 3 ипол сабајле. Многу ме нервира кога некој сака да изедначи нешто што е неспоредливо...ајде ако више ги мериме, ке земам ке пуштам музика во 3 ипол и ич к*р не ме боли дали на нкој му пречи музиката или не. На запад им забрануваат да носат мантии, да градат минариња итн. ние ебате државата уште малце звучниот ѕид ке го пробијат и уште ги оправдуваме...Да не се сфатиме погрешно, нека пуштаат, ама пополека, со усул.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Хах....ма немој, никој не ги ограничил црквите, на 100 метри од мене има црква, не сум слушнал камбана непамтам од кога, низ градов тешко дека ке слушнеш камбана во 3 ипол сабајле. Многу ме нервира кога некој сака да изедначи нешто што е неспоредливо...ајде ако више ги мериме, ке земам ке пуштам музика во 3 ипол и ич к*р не ме боли дали на нкој му пречи музиката или не. На запад им забрануваат да носат мантии, да градат минариња итн. ние ебате државата уште малце звучниот ѕид ке го пробијат и уште ги оправдуваме...Да не се сфатиме погрешно, нека пуштаат, ама пополека, со усул.
Даре тоа им е во пораката кога оџата ќе викне од минаре "Алах екбер" и така натака пее дека господ е семоќен и не му има рамен никој,дека Мухамед е псоледниот пророк и вика во пораката дојдете да се молиме,како очекуваш да биде тивко кога намената е да слушнат сите дека треба да се помолат?
Друго прашање е дали во земји со мешани религиски погледи на некој тоа му пречи или го иритира
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: scarstone and Podem