Затемнети стакла (Клима фолии)

Maks

Староседелец
Дали имате затемнети стакла со клима фолија на автомобилот,сте влегле ли во конфликт за нив со полицијата доколку не ви се А-тестирани?

Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии и тоа:

Напред 70% пропуст на сончева светлина ,односно 30% затемнето.
Назад до 30% пропуст сончева светлина или 70% затемнети доколку автомобилот има 2 ретровизори.
За пикап возила назад е дозволено и до 100% затемнетост.
За вградени неатестирани фолии на автомобилот казната е околу 400 Евра.
Додека пак огледални фолии се забранети со закон и нема опција за А-тест за нив.

Zakon soobrakaj.jpg

Огледални фолии
FilmRolls.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Чекај нели беше забрането ова брат, исклучок беше само за делегации и вработени во Влада и Сообрание заради безбедност?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Чекај нели беше забрането ова брат, исклучок беше само за делегации и вработени во Влада и Сообрание заради безбедност?
забранети се само огледалните фолии и ограничено е користењето од другите ама ко шо гледам низ град се појке и појке коли со затемнети прозори има... така да не знам колку некој ги контролира...
 

Maks

Староседелец
Веќе не се забранети клима фолиите можете да прочитете погоре во извадокот од службен весник, дозволени се до одреден процент на затемнетост 30% напред,и до 70% назад но мора да имаш А-тест за нив. Ако немаш може да те казнат околу 400е. е казната.Огледални во никој случај.:)
Јас имам фолии, моите не се со А-тест до сега не сум имал проблем со полицијата низ Штип дека ме знаат повеќето инаку за во друг град ми е ризично.
Еве го мојот автомобил со клима фолии: Напред 35% Назад 85%:)
Клик за поголема слика.

07122011998.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and Hip.Hop_MKD

Maks

Староседелец
А како и каде се прави атест?
А-тест на машински кај вас во Скопје. Се мери со посебен апарат што мери пропустливост на светлина , па понатаму идеш каде што ја регистрираш колата,и кај нив на мала проверка на документите од Машински и кога добиеш потпис и зелено светло од таму право во полиција да пишат и стават печат и потпис во сообраќајна тогаш си по пропис целата таа постапка е некаде од 2000-3000ден.:)
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Не е толку за парите, колку што е за целата процедура.
Треба да се убиеш од бркање документи, за на крај што? Кога ќе те види полиција да не те промашува, само за да провери дали имаш атест...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Maks

Староседелец
Е вака сега... Денес за прв пат ме запре контрола и ме пратија на технички преглед за фолиите.Колата си беше ок, а кога го прикачија апаратчето за мерење на пропустливост на светлина резултатите беа следниве напред 35% затемнети позади 85% затемнети.Не ми се атестирани инаку, а атест не ми бараа но ми дадоа 2 опции да ги вадам предните фолии или таблиците на колата, бидејки предната фолијата ми е 30% затемнето но имало и мал процент фабричко затемнување и со тоа ја поминува границата од 30% додека за задните ми рекоа дека сеуште нема закон до колку може да бидат затемнети максимално и моментално минав со тие 85% затемнетост и не ми рекоа да ги извадам и тие. Сега ми преостанува да барам фолија од 20-25% затемнетост за да не ја преминува границата од 30%.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Пред да започнеш нова тема, разгледај дали ја има истата или слична на неа!
Малку да отвориме дискусија за затемнетите стакла...
Прво се беше забрането, па ондак дозволено до некаде...
Со оглед на ситуацијава во државава, мислам дека контролите ке бидат ригорозни, казните големи и ке има многу интересни случки кога дел од колите ке бидат пратени на технички, машински итн за да се провери пропустливоста на фолиите, а потоа сопствениците ке си платат казни итн...

Еве неколку извадоци од дневна штампа...

Нова Македонија:

Казните за нестандардно ветробранско и странични стакла на кои ќе се утврди дека има дополнителна шминка се до 300 евра. Исклучок се автомобилите со кои се превезуваат високи владини функционери и возилата што се во придружба.

Увозот на половни автомобили од странство на многумина им создаде непредвидени проблеми зашто сообраќајните полицајци ги запираат и ги казнуваат возачите што управуваат возило со стакла позатемнети од тоа што го предвидува законот во Македонија. Попусти се забелешките дека автомобилот, онаков каков што е, е купен во Германија, Словенија или во некоја друга европска држава. Доколку биде утврдено дека ветробранското и страничните стакла не се според стандардите, казните се до 300 евра. Исклучок се автомобили со кои се превезуваат високи владини функционери и возилата што се во придружба.

- Во Словенија пред еден месец купив „БМВ“, спортска верзија, старо неколку години. Автомобилот има затемнети стакла. Таков е произведен во Германија. Никој ништо не правел на своја рака. Не претпоставував дека тоа ќе ми создаде толку проблеми. Деновиве ме запре сообраќајна полиција и поради тоа ме испрати на дополнителен технички преглед. Попусти беа убедувањата дека ништо не е променето откако е купен автомобилот, на што укажуваат и документите што ги приложив на увид. Сега треба да платам за техничкиот преглед и, згора на сé, казна од 18.000 денари оти стаклата наводно не биле според прописите - вели скопјанецот Благоја Лазаревски.

Со законското утврдување на уредите и опремата за нормална видливост полицијата ги заштитува возачите и пешаците. Статистички е утврдено дека дури четириесет проценти од сообраќајките се случиле поради дополнително затемнување на стаклата или лепење етикети од голем формат од надворешната стана на шофершајбните.

- Сопствениците на автомобили на чии стакла се залепени фолии и налепници или тие дополнително се преправани, ќе мора да го коригираат тоа. Постои овластена институција што може да издаде сертификат за исправност. Доколку сопственикот на возилото не поседува атест за затемнување на стаклата, сообраќајната полиција може да му ги извади табличките и да го испрати возилото на дополнителен технички преглед и истовремено да му напише казна на возачот - објасни Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.

Автомобилите со фабрички затемнети стакла, според Бендевска, поседувале втисната ознака за хомологација, па возачите можеле да ги управуваат без никаков проблем, бидејќи фабриката ги извршила сите потребни испитувања но доколку тоа не се косело со македонските закони.

Од „Новус“, единствената фирма во Македонија што е лиценцирана да врши затемнувања на автомобилските стакла, велат дека тие само ги изведуваат работите и за тоа издаваат соодветен документ, а дека завршниот збор го дава Машинскиот факултет во Скопје.

- Законот предвидува триесетпроцентно затемнување на ветробранското стакло и на оние кај возачот и совозачот. Тотално затемнување е дозволено на стаклата на задните две врати и онаа од багажникот. Подоцна се врши атест на Машинскиот факултет и за тоа се добива документ. Затемнувањето на стаклата се прави од повеќе причини, најмногу од безбедносни. Но има и такви случаи кога муштериите од нас бараат целосно затемнување на стаклата иако тоа законот не го дозволува, со образложение дека имале проблеми со кожата и дека не смеат да бидат изложени на директно сончево влијание - велат во „Новус“.

ВЕСТ

Според промените, затемнувањето може да биде делумно, односно на задните странични стакла, како и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило, но предните бочни стакла и ветробранското стакло може да се затемнети најмногу до 7о отсто

Скопје врие од автомобили со затемнети стакла. Ако пред една година беше вистинска реткост да се видат возила со затемнети стакла, и тоа беше привилегија на службените возила, сега тие, практично, се секојдневна глетка.
До пред два месеца, законската регулатива предвидуваше единствено минимално фабричко затемнување на стаклата. Само така автомобилите можеа да поминат на технички преглед и да се регистрираат, а притоа сопствениците да бидат казнети за затемнувањето.
"Кога пред три години отидов на редовен технички преглед за регистрација на автомобилот, ме вратија бидејќи сум имал заштитни фолии. И покрај дозволата, издадена од МВР, за затемнување, сепак, ми беше наложено да ги извадам бидејќи немаше да ме пуштат на технички. Не се сеќавам колкави беа тогаш казните, но сепак не беа мали. Сега, пак, нема никаков проблем. Комотно можеш да си возиш со затемнети стакла. Се разбира дека тоа нема да биде целосно затемнување, но сепак до висок степен", вели жител на главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се направени измени во Законот за безбедност и оти повторно е дозволен одреден степен на затемнување на стаклата. Затемнувањето е делумно, затоа што целосното затемнување на стаклата сe уште е е забрането. Степенот на затемнетост на стаклата се одредува со А-тест од Машинскиот факултет во Скопје.
"А-тестирањето се прави кај нас на Машинскиот факултет. Со помош на апарат, се одредува степенот на затемнетост на стаклата на возилата. На задните бочни и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило во Законот за безбедност. Но за предните бочни стакла и за ветробранското стакло е одредена затемнетост до 70 отсто" ,објаснуваат од Машински факултет.
Тие додадоа дека затемнувањето е најчесто со фолии кои фабрички се лепат уште во производството на автомобилите. Од Машинскиот факултет објаснуваат дека по А-тестот надлежното Министерство ја издава дозволата за степен на затемнување. (Љ.С.)
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Прописно ми се затемнети стаклата во новус, А-тест и такви работи.
Едино е што секојдневно ме сопираат џандари да проверат.Баш ама онака на таргет листа сум им.
И морам да им покажам документација затоа што скоро секогаш имам алкохол во крв па да не испадне да дувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and TIGERWOMAN31SK