Загрозени, изумрени и ретки видови на животни

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Тасманскиот ѓавол (Sarcophilus harrisi) е месојаден торбар моментално сретнат во дивината само на австралијанскиот остров држава Тасманија. Тасманскиот ѓавол е единствениот постоечки член од родот Sarcophilus. Со големина на мало куче, но кус и мускулест Тасманскиот ѓавол сега е најголемиот месојаден торбар во светот по изумирањето на Тасманскиот тигар (Thylacine) во 1936 година. Карактеристичен е по своето црно крзно, силната реа кога е под притисок, екстремно бучен и вознемирувачки крик и крволочноста кога јаде. Познато е дека истовремено го лови пленот и се храни со мрша и иако често е осамен понекогаш јаде со другите ѓаволи. Тасманскиот ѓавол бил истребен од австралискиот континент пред скоро 300 години, сосема пред колонизацијата од европејците во 1988 година. Бидејќи тие биле гледани како закана за добитокот во Тасманија, ѓаволите биле ловени се до 1941 година кога официјално биле заштитени. Од доцните 1990-ти болеста на ѓаволите тумор на лицето го смалила значително населувањето на ѓаволот и сега се заканува на опстанокот на видовите кој во мај 2009 година беше прогласен за загрозен. Актуелно отпочнати се програми од Тасманската влада за да се намали ударот на болеста.

630px-Tasdevil_large.jpg

Глобалното затоплување им се заканува на пингвините на Антарктикот, каде што бројот на четирите видови се намалил за 66% во последните 25 години, објави Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

Во извештајот „Пингвините на Антарктик и климатските промени“ се наведува дека поради глобалното затоплување исчезнува драгоценото копно на кое некои видови на пингвини ги подигаат своите младенчиња, додека другите останаа без извор на храна поради претераниот риболов поврзан со поместувањето на ледената површина.

-„Пингвините на Антрактик имаа „многу трки во нозете“, но сега тие симболи на Антарктикот се соочени со исклучително тешка битка, а тоа е прилагодување на досега невидените размери на климатски промени“, изјави заменичката на директорот на WWF, Anna Reynolds.

Антарктик се загрева 5 пати побрзо од остатокот на Земјата, а температурата на најголемиот Јужен океан расте се до длабочина од 3.000 метри, истакнуваат во фондот.

Ледот покрива 40% помала површина на Западниот антарктички полуостров во однос на периодот пред 26 години, што довело до намалување на бројот на ракови, главна храна на герданските пингвини. Бројот на тој вид на пингвини се намалил во некои колонии за 30% до 66%, а слична судбина ги снајде и жолтоногите пингвини.

pingvini2.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Пандата е исто така загрозен вид. Но многу сакам да ја видам. А во близина по зоолошките во соседство тешко да има. :(
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Големиот човеколик мајмун, еден од најблиските животински видови на човекот, прејде од категоријата на загрозени во категоријата на критично загрозени видови, откако се откри дека во последните 20-25 години две третини од горилата од подрачјето Western Lowlands се истребени поради трговијата со нивното месо и од вирусот на еболата во последните 15 години.

covekolik-majmun.jpg

Морските кучиња млатови се загрозени – нивното месо се смета за деликатес, а често се вплеткуваат во рибарски мрежи. Се размножуваат на две години, а популацијата за 25 години им опадна за 80%.

ajkula.jpg
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Големиот човеколик мајмун, еден од најблиските животински видови на човекот, прејде од категоријата на загрозени во категоријата на критично загрозени видови, откако се откри дека во последните 20-25 години две третини од горилата од подрачјето Western Lowlands се истребени поради трговијата со нивното месо и од вирусот на еболата во последните 15 години.

Отвори ја прикачената датотека 9536
Прилепчаните се згрозени:zelen
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Пигмејски мармозет
Пигмејскиот мармозет исто така го нарекуваат и џуџест мајмун (Cebuella pygmaea). Живее во дождовните шуми на западен Бразил, југоисточна Колумбија, источен Еквадор, источен Перу. Тој е еден од најмалите примати, должината на телото се движи од 14 - 16 цм. Мажјаците тежат околу 140 грама, а женките околу 120. Овие примати живеат во групи од 1-2 мажјака и 1-2 женки. Младенчиња може да се родат околу еднаш до два пати годишно. Малите мајмуни користат специјални видови на комуникација за да дадат известување и предупредување на своите членови на семејството. Тие вклучуваат хемиски, вокални, и физички видови на комуникација. Овој вид е во исчезнување поради загадување на дождовните шуми и нивно сечење.
marmoset1.jpg


baby-monkey-banana-mine.jpg


marmoset-hands.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Пигмејски мармозет
Пигмејскиот мармозет исто така го нарекуваат и џуџест мајмун (Cebuella pygmaea). Живее во дождовните шуми на западен Бразил, југоисточна Колумбија, источен Еквадор, источен Перу. Тој е еден од најмалите примати, должината на телото се движи од 14 - 16 цм. Мажјаците тежат околу 140 грама, а женките околу 120. Овие примати живеат во групи од 1-2 мажјака и 1-2 женки. Младенчиња може да се родат околу еднаш до два пати годишно. Малите мајмуни користат специјални видови на комуникација за да дадат известување и предупредување на своите членови на семејството. Тие вклучуваат хемиски, вокални, и физички видови на комуникација. Овој вид е во исчезнување поради загадување на дождовните шуми и нивно сечење.
marmoset1.jpg


baby-monkey-banana-mine.jpg


marmoset-hands.jpg

Имаме вакви во зоолошка. Атракција беа тогаш кога бев. Едвај стигнав до нив да ги гледам. Од девојчињата неможеш да стигнеш на ред да ги видиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and The_countess

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија

Tyrannosaurus Rex - изумрен пред 65 милиони години
a98_rex.jpg
Tyrannosaurus Rex бил еден од најголемите копнени месојадни животни на сите времиња, 43.3 стапки долг и 16.6 стапки висок, со маса дури до 7 тони. Тој имал масивен череп балансиран со долга и тешка опашка. Фосили на Т – Рекс биле најдени во карпестите предели на Северна Америка, кои потекнувале од последните 3 милиони години на креда периодот.
Тој бил еден од последните диносауруси што изумреле во креда – терцијалниот период. Повеќе од 30 видови на Т – Рекс се идентификувани, некои од нив се со речиси комплетни скелети.


Quagga: полу зебра – полу коњ – изумрено уште од 1883
a98_quagga.jpg

Едно од најпознатите изумрени животни во Африка, quagga бил подвид на зебрата, што некогаш ги имало во голем број на територијата на Јужна Африка. Ова животно се разликувало од другите зебри по тоа што имало ленти само на предниот дел од телото – во средниот дел тие исчезнувале.
Quagga оригинално бил класифициран како посебен вид, Equus quagga, во 1788. Во наредните 50 години уште многу зебри, поради нивната разлика во лентите(ниедни 2 зебри не се исти) биле проучувани од истражувачите и не било лесно да се каже кои се вистински видови, а кои биле подвидови. Долго пред оваа дилема да биде решена, quagga – та била ловена до изумирање за месо и облека. Последната дива quagga веројатно била застрелана во доцните 1870ти, а последниот примерок во заробеништво умрел на 12 август 1883 во Artis Magistra зоолошката, во Амстердам.
Поради големата дилема околу различните видови на зебри, најмногу кај јавноста, quagga – та изумрела пред да биде јасно дека таа била посебен вид. Quagga – та била прво изумрено суштество чија ДНК била проучувана. Најновите генетски истражувања пак, во Smithsonian институтот демонстрираат дека таа воопшто не била посебен вид, туку само обична зебра со многу различни ленти.



Thylacine: Талисманскиот тигар – изумрен уште од 1936
a98_thylacine.jpg

Thylacine – от бил еден од најголемите месојадци на модерните времиња. Со потекло од Австралија и Нова Гвинеја, се верува дека изумрел во 20иот век. Познато е дека талисманскиот тигар(поради неговиот пругаст грб) го викаат и талисманскиот волк. Бил последен од неговата раса, Thylacinus, иако број на сродни раси биле пронајдени во фосилите кои потекнувале од раниот период миоценот.
Thylacin – от изумрел на Австралиското копно илјадници години пред европејците да дојдат, но преживеал на островот Талисманија со уште неколку ендемски видови, како на пример Талисманскиот Ѓавол(месојадец сличен на мало мече). За одговорни за неговото изумирање се сметаат пред се ловците, но и важен фактор имале и болестите, контактот со кучиња и човечкиот фактор секако, односно нивно доселување. Иако официјално се класифицирани како изумрени, нивни појавувања се сеуште пријавувани.



Морската крава на Steller - изумрена уште од 1768
a98_seacow.jpg


Пронајдена близу азискиот брег на Берлинското море, била откриена во 1741 од Georg Steller, кој патувал заедно со истражувачот Vitus Bering. Морската крава растела до 7.9 метри долга со тежина од 3 тони. Изгледала како голема фока, со опашка како на кит. Steller изјавил: „ Животното никогаш не доаѓа на брегот, секогаш живее во водата. Неговата кожа е црна…главата е мала, во споредба со телото…нема заби…„ Пронајдените фосили индицираат дека морската крава на Steller била распостранета се до јужниот брег на Пацификот, на југ дотигнувајќи дури до Јапонија и Калифорнија.
Земајќи ја во предвид брзината со која овој вид исчезнал, најверојатно е дека доаѓањето на луѓето во овие области била главната причина. Сеуште има појавувања на животни кои личат на морската крава од Берлинското море и Гренланд, па се претпоставува дека мала популација на животното сеуште опстанала до денешен ден. Ова е сеуште недокажано.


Ирски елен: најголемиот елен што некогаш живеел - изумрен пред околу 7.700 години п.н.е.
a98_irish.jpg


Овој огромен елен е познат по неговата градба – 2.1 метар долг во рамениците. Тој бил најголемиот елен што некогаш живеел. Живеел од Ирска до источниот брег на Балкалското езеро, во доцната плеицона ера и раната холоцена ера.
Причините за нивно изумирање се сметаат дека се нивните големи рогови(покрај нивната прекумерена телесна тежина). Некои мислат дека ловот на човекот е важен фактор за нивното исчезнување, со тоа што големите рогови на мажјаците ги спречувале да се движат слободно низ шумата, односно да бегаат низ истата. Сепак, многу е веројатно дека тие, како копнен вид, се адаптирале на човековото присуство и еволуирале заедно со нив.


Каспискиот тигар: третиот најголем – изумрен уште од 1970
a98_caspian.jpg

Каспискиот тигар или Персискиот тигар е источен подвид на тигар, пронајден во Ирак, Иран, Афганистан, Турција, Монголија, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се додека не измумрел во 1970тите.
Од сите тигри на светот, Каспискиот тигар бил трет најголем. Имал силни нозе и необично големи канџи. Ушите му биле кратки и мали и давале впечаток дека тој нема коса на краевите. Бојата на неговото крзно многу потсетувала на Бенгалскиот тигар. Мажјаците касписки тигри биле големи и тежеле 169 – 240 кг. Женките не биле многу големи и тежеле 85 – 135 кг. Сеуште има сведоштва за неговото појавување.


Aurochs: многу голем тип на добиток - изумрена уште од 1627
a98_aurochs.jpg


Едно од најпознатите изумрени животни во Европа(Bos primigenius), бил многу голем тип на стока. Еволуирале во Индија пред 2 милиони години, емигрирале на Средниот Исток а понатаму во Азија, стигнувајќи во Европа пред 250.000 години.
До 13 век п.н.е. нивниот терен бил ограничен само на териториите на Полска, Литванија, Молдавија, Трансилванија и Источна Прусија.
Правото да се ловат големи животни на било која земја го имале само оние со благородничка крв. Последен забележан жив auroch било женка која умрела во 1627 во Jaktorow шумата во Полска. Черепот подоцна бил земен од шведската армија и сега е сопственост на Livrustkammaren, Стокхолм.
Во 1920 двајца германски чувари во зоолошка градина, браќата Heinz и Lutz Heck, се обиделе да ја вратат врстата aurochs во живот од домашната крава, која е потомок на таа врста. Резултатот е врста наречена Heck Cattle, која психички била многу слична на дивите aurochs.


Големиот пингвин: најголемиот од сите пингвини – изумрен уште од 1844
a98_auk.jpg

Големиот пингвин е единствениот примерок од врстата Pinguinus, голема птица од Атлантикот која не лета, која преживеала до денешни времиња, но е изумрена сега. Исто така е позната и како garefowl, или penguin. 75цм висок и тежок околу 5кг. Во минатото, големите пингвини во големи броеви можеле да се најдат на островите кај источна Канада, Гренланд, Исланд и В.Британија, но биле ловени до изумирање


Пештерскиот лав: еден од најголемите лавови кој некогаш постоел - изумрен пред 2.000 години
a98_cavelion.jpg


Пештерскиот лав, истотака познат и како Европски или Еуразиски пештерски лав, е изумрен подвид на лав познат од фосилите и од широката палета на праисториската уметност. Овој подвид бил еден од најголемите лавови. Возрасен мажјак, кој бил пронајден во 1985 близу Siegsdorf, Германија, до рамењата бил висок 1.2м и широк 2.1м без опашката, која била иста големина како денешните лавови!
Очигледно бил изумрен пред 10.000 години, но има индикации дека е изумрен од не толку одамна – пред 2.000 години на Балканот.


Птицата Додо – изумрена уште од 17 век
a98_dodo.jpg


Птицата Додо(Raphus cucullatus) била птица која не лета и живеела на островот Mauritius. Била во сродство со гулабите и галебите, била висока 1м, живеела на овошки и се гнездела на земја. Додото е изумрено уште од средината на 17 век.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Диносауруси,еднорози,има доста изумрени и не сакам во зоолошка да ги видам.Зошто да си гаам илузија дека сакам колку само да се разочарам.