Скриено богатство во Македонија?

X_Men_

Нов член
19 февруари 2012
22
7
3
28
Мислам најпогодно место за отворање на оваа тема..ако грешам поправајте.. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Знаеш дека е забрането копање по археолошки локалитети и кршиш закон? Голема е казната..

Иначе ја праќам во Мистерија, под нов наслов...

ЕДИТ: Темата е преместена:
Е кога сме сега ваму, дали некој има инфромации што се случи со тунелот кај Бигла?

Што носеа хелихоптерите од Бигла, најде ли власта злато?

Четврток, 01 Декември 2011 16:00
mladost.gif
Големото количество на злато од 1944 година веќе 20-тина дена концесионери на владата ги привлекува да го бараат во околината на езерото Младост.
Според законот 85% од пронајденото злато би било сопственост на државата.
Според локалните жители при повлекувањето на германците тие во тунелот оставиле околу 220 тони злато но и големо количество на дијаманти и вредни слики.
Под ридот скриле 220 тони злато, односно педесетина камиони натоварени со злато, а внатре има и болница, штаб, цела соба со уметнички слики, четири сандаци со дијаманти и којзнае што не“ – ова е приказната што со генерации се пренесува меѓу велешани, објавена во „Утрински“.
Мештаните се сведоци дека неколку хелихоптери кружеле над областа во селото Бигла а еден хелихоптер се спуштил на самото место и на него се натоварило нешто што засега останува тајност.
- Овој терен секој ден го надлетуваат хеликоптери. Вчера со свои очи видов како еден хеликоптер се спушти во непосредна близина на тунелот. Некои луѓе од него изнесуваа, а потоа внесуваа нешто. Бев на поголема оддалеченост и затоа не можев да видам добро што е тоа што се внесува во хеликоптерот – изјавил за „Утрински“ возач на камион од Штип.
Мислам најпогодно место за отворање на оваа тема..ако грешам поправајте.. ;)
Еве средено сега овде може да споделуваш мислења. :)
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Има многу места , како што ми кажуваше дедо ми дека во селата каде претежно живееле турци ,по ридовите има места каде го сокривале златото , но сите што се обидувале да го пронајдат трагично завршувале :nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

X_Men_

Нов член
19 февруари 2012
22
7
3
28
Само дискутираме.разменуваме мислења. и информации.нема потреба од казни ..:D..А кај бигла мислам не најдоа ништо ..
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
По археолошки локалитети точно дека е забрането да се копа, а ако при копање се најде било што од историска важност треба да се пријави па било и да е откривање на нов локалитет пошто во Македонија има илјадници кои не се откопани (се нема пари јбг). А иначе без разлика дали е локалитет или не, се што е под 2 метри во земја е сопственост на државата, значи што и да се ископа треба да се пријави, ако е некакво богатство без историско значење (некакви златни прачки, турски паричи и слично) кога би се пријавило, следи награда од државата. Интересно е што од тоа што ќе биде пријавено 80% го зема државата а 20% останува за наоѓачот. Јас искрено не би пријавил :D Локалитети има многу од антички гробници, турски злата и плен на војските што на повлекување го закопувале, најчесто во првата светска војна. Така на пример познато е дека тн јужен фронт во првата светска војна кој допирал и во мариово, французите имаат оставено огроми богатства низ мариовскиот крај, како и на галичица. Турски злата има сегде, што скриле на бегање, што комитите ограбиле па скриле. Немам против ова да го копа некој па дури и да не го пријави сеедно. Имам против во моментот кога се крадат предмети со непроценливо значење за нашата земја и историја, како разни мечови, штитови, парички, накит, алати и слично од античкиот период, од римско време и од византискиот перид. Тоа е нешто што стварно припаѓа на Македонија и треба да биде пријавено за веднаш да биде правилно конзервирано истражено и доколку е можно да биде изложено, такво нешто без размислување би го пријавил и не би барал никакво надомест од државата. Ама да ми улета закопан сандак со турски златници...:cao
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi