Игор Џамабазов

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Какво мислење имате за Игор?..Според мене е еден од најталентираните Македонци некогаш родени.. му се восхитувам ради проживеаните авантури :)

Што и да се пише, или да се каже за овој човек е малку. Игор Џамбазов е македонски актер, шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови, текстописец, а има и обид да влезе во политиката. Роден е на 15 јули1963 во Скопје. На само 12 години започнува со актерството со улогата во филмот кој се базира на истоимената книга "Волшебното самарче" од Ванчо Николевски, а истата година ја оформува и својата прва група ПОП. Досега има снимено многу песни, а го има водено и популарниот квиз „Џандар Збира“. Моментално можеме да го гледаме како водител на квизот „Тркало на Среќата“ на Канал 5.
Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов е три пати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот - „македонскиот шоумен“.
 

Emily023

Активен Член
15 февруари 2012
245
113
43
28
Hawaii,USA
Какво мислење имате за Игор?..Според мене е еден од најталентираните Македонци некогаш родени.. му се восхитувам ради проживеаните авантури :)
и јас исто, ја имам читано неговата книга прирачник за анти антиалкохоличари и човекот стварно има се видено и многу е талентиран...штета шо нема баш шанса тоа да се види :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
и јас исто, ја имам читано неговата книга прирачник за анти антиалкохоличари и човекот стварно има се видено и многу е талентиран...штета шо нема баш шанса тоа да се види :)
прочитај му ја гол човек уште подобра е :)
 

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Игор е цар! Најдобриот шоумен во Македонија, а може и пошироко. Што се има преживеано и поминато секоја чест. Најдобро нешто од него е кога на гостувањето во Бугарија кај Слави Трифунов го реметеше во неговата емисија :D
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
доста талентиран.. штета што подлегнал на алкохолот некое време.. но сепак цар.. особа која знае да ги цени вистинските работи.. а не она површното.. личност која има доста проживеано, а сепак се држи како господин..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Emily023

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Поголем шоумен ни имало, ни ќе има во нашава ни мила и мала Македонија.
Какво што знае тој да направи шоу, никој. Се разбира во многу работи, пее, водител, глумец, пишува книги. Со еден збор, Игор е боем.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto, Emily023 and Caci